Македонија Топ вести

СОРОС ВО ИНКОГНИТО ПОСЕТА НА ОХРИД, 1 ЧАС НЕ МУ БИЛО ДОЗВОЛЕНО СЛЕТУВАЊЕ НА ОХРИДСКИ АЕРОДРОМ.

Синот на Џорџ Сорос, Александар Сорос  во саботата беше инкогнито гостин на премиерот на РСМ Зоран Заев во Охрид. Александар Сорос допатува во Охрид со својот приватен авион. Најнапред Авионот на Александар Сорос не добил дозвола за слетување на охридскиот аеродром, при што околу 40 минути кружел над охридскиот аеродром, се до добивањето на дозвола за слетување. Според она што го дознаваме, летот не бил најавен и од тие причини најнапред не било дозволено слетување.

Целиот престој на Александар Сорос  во Охрид, беше обезбедуван од МВР на највисоко ниво и од змеја и од воздух. Целото движење на Сорос низ Охрид беше покривано и од хеликоптерското одделение на МВР, а според неофицијални извори, дури Александар Сорос добил хеликоптерска панорамска глетка  со хеликоптерот на МВР.

Ресторанот каде беше вечерата помеѓу Сорос и Заев на Улица Кеј Македонија во Охрид, беше забранет не само за возила, туку и пешаци не смееа во тој временски период да поминуваат покрај Хотелот каде била вечерата, со цел некој злонамерник да не ги слика во „Тајната апостолска вечера“.

Доаѓањето на Александар Сорос во инкогнито посета на Охрид, првин беше провалена од аеродромските службеници на Охридскиот Аеродром, кој веднаш го сликаа слетувањето на Сорос, а фотографијата ја испратија кај поедини опозициски медиуми. Втората провала беше од страна на персоналот на хотелот каде се одвиваше работната вечера, додека трета провала стигна од „Хеликоптерскиот десант-надлет во место“ кај стариот Охридски Чинар.

Одредени детали на разговор, нема да објавиме, истите биле од доверлив карактер….

С.Денесовски

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Заев – Куик: Нашето економско партнерство и проекти ќе создадат бенефити, особено за младите

saso user

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „АСНОМ“

saso user

Пендаровски: Резиденцијата на претседателот отворена за дружба со деца

saso user