Досие Македонија Топ вести

 СДСМ „Crocodylidae“ со нов слоган – Бегај бади, бегај, на прав пат за Пратеник!?

СДСМ на Прав пат! Мала бара, многу крокодили, кој не живеат во тропски предели, туку во северните македонски предели на балканите. Овие алчни крокодили не се од фамилијата „Crocodylidae“, туку се од фамилијата „Homo sapiens“. Одликата на предаторите од  СДСМ „Crocodylidae“, ја побива секоја теза за постанок и еволуцијата на „Homo sapiens“, особено кога е во прашање нивното удобно сместување во функционерските удобни фотељи, тогаш немаат милост во нивните лични желби, лечење на фрустрации на „Висока вредност“ или, поточно се враќаат наназад во времето на нивните предци – „ Homo habilis“ и сакаат народот да го вратат во времето на долниот Палеолит.

Homō hominī lupus est, ништо ново, веќе видено на функционирањето на СДСМ кога практиципира власт.Токму од оваа основна причина на забеганост на алчните „Crocodylidae“ членови, кој се умислиле дека земјата се врти околу нив и дека се тие главното магнетно поле за опстанок на државата, се доаѓа до една трагикомична состојба на слободен пат на ваквите политичари, кој со својата безтежинска состојба, создаваат црна дупка во севкупното опшествено живеење во Македонија.

Со објавувањето на датумот за предвремени парламентарни избори поедини СДСМ „Crocodylidae“ веднаш излегоа на површина од малата бара, сите растрчани по пленот наречен Народ, да го убедат, дека тие се оние правите кој го заслужуваат Мандатот, ќе бидат прави авторитети со стекнат Мандат од електоратот, за да делуваат како нивни претставници, поточно да го сместат својот задник на удобните фотељи, да добијат „Мандат“ за да си ги остварат своите апетити?!

Ниту „железни опинци“ нема Заев да го спасат од наездата на поедини СДСМ „Crocodylidae“ во нивните аспирации да бидат ставени на листите за пратеници. Мали можности, но големи апетити на поедини СДСМ „Crocodylidae“.

СДСМ „Crocodylidae“ Бети Русеска, која од обичен чиновник, преку нок постана раководителка во подрачното одделение на УЈП Охрид, потоа експресно унапредена во Претстедател на второстепена комисија на Влада на РСМ, без положен правосуден испит (нешто што е задолжително за таа функција), Русеска успева за две години, да си ги вдоми и своите две дечиња, едното во МВР другото во Царина, но и тоа е малку на овој  СДСМ „Crocodylidae“, сакала да биде сега да освои и Мандат за Пратеник од 5-та Изборна единица, но не сакала било кое место, исклучиво да биде втора на листата, да има бетонирана позиција ?!

СДСМ „Crocodylidae“ Ѓоко Танаскоски, кој од обичен агент за осигурување во осигурителната компанија „Кроација осигурување“, се вивна во облаци и постана Директор на Царинска Управа на РСМ, сега и тој бара спас во листата на пратеници, но и тој нишанел на трета позиција на пратеничката листа во 5-та изборна единица, по она народната -Бегај Бади, бегај?!

СДСМ „Crocodylidae“, без кого не се може е актуелната пратеничка Жаклина Лазаревска. Таа си го имала бетонирано пратеничкото место, добивала нов мандат, зошто ете лидерот на овие  СДСМ „Crocodylidae“ бил задоволен од нејзината работа во парламентот, секако веројатно од нејзините секојдневни објави на социјалните мрежи на мега брендот „Мамаз“!?

Посебно изненадување преставува на  СДСМ „Crocodylidae“, докажан криминалец без кого во СДСМ не се може, а тоа е ВИП  СДСМ „Crocodylidae“ Александар Кузевски. Кузевски од кога го оплачка АД „Еврокомпозит“-Прилеп, од кога направи мал милион криминали во ЈП „Водовод“ Охрид и, од кога увидел дека во чудесната Македонија законите се применуваат селективно, своите апетити ги насочил кон лобирање да биде поставен на листа за Пратеник и тоа ниту повеќе, ниту помалку бетонирано 3-то место!? Имал големи заслуги за партијата, да заслуги во оној партиски грабеж, па така негов главен адут за  СДСМ „Crocodylidae“ промоција му е токму вице премиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој со фамилијата на Кузевски, го поврзува сокриениот бизнис со Хидроцентралите на Белички и Летнички извори.

СДСМ „Crocodylidae“ Ана Николовска, исто така со апетит да постане пратеник, Ништо ново кога се во прашање апетитите на Николовска. Николовска од кога успеа од соработник во Општина Охрид, преку ноќ да постане раководител во Царинска Управа на РСМ, за веднаш после два дена да биде експресно назначена за Дирекотор на ЦРМ -Охрид. Секако дека во ваквата вртоглаво унапредување на Николовска, главна улога одиграл првиот Цариник на Македонија Ѓоко Танасковски. Каква е нивната поврзаност, тоа нека си провери Заев, ние си знаеме!!

Ново има од  СДСМ „Crocodylidae“ во малата бара, се појавува контраверзниот Ристо Николески -RiceNikole, наставник  и заменик градоначалник на Охрид, советник во советот на Општина Охрид, кој некој го нарекуваат Ристо-Палачинка, а некои злобници го нарекуваат Зелена Долина!?

И овој  СДСМ „Crocodylidae“, познат апликант за секоја функција која и да била објавена, така и сега имал голема желба да постане Пратеник. Колку е убаво да се биде „Хај“ се ти е равно и зелено…

СДСМ „Crocodylidae“, премногу, можностите од ден на ден, се се помали, народот го казни ВМРО ДПМНЕ, токму поради вакви крокодилчиња. Народот не е глупав, не го потценувајте, казната ќе ве стигне, порано или покасно, а на 12 април, со вакви  СДСМ „Crocodylidae“, ќе ве стигне сигурно.

Сашо Денесовски

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Променливо облачно, попладне можни грмежи

saso user

Двајца мажи пиеле заедно, па едниот сакал да го убие другиот

saso user

Магнетната резонанса ќе работи до 23 часот

saso user