Спорт

Роналдо по триумфот над Милан: Тежок натпревар, важна победа

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо на својот Твитер го коментираше исходот од натпреварот од 12. коло на италијанскиот шампионат против Милан (1:0). На овој натпревар Португалецот беше заменет во 55. минута.

– Тежок натпревар, важна победа – напиша Роналдо на Твитер.

Според „Скај спорт Италија“ фудбалерот ја напуштил Арената околу три минути пред крајот на средбата, лут поради тоа што беше заменет. Наместо него, на теренот влезе Пауло Дибала, кој го постигна решавачкиот гол.

Роналдо по замената не се ракуваше со тренерот и веднаш отиде во соблекувалната.

И на претходниот натпревар на Јувентус, Роналдо исто така не беше задоволен од замената – против Локомотив во Москва во Лигата на шампионите во средата (2:1). Тогаш играчот откако го напушти теренот на крајот од средбата покажа нешто и му дофрли некој збор на Сари.

ФОТО: EPA / KIKO HUESCA

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Монфис се повлече од турнирот во Марсеј

saso user

Лампард прв тренер на Челзи кој започна со пораз во ЛШ во овој век

saso user

АТП му го честиташе 38. роденден на Федерер

saso user