Урбани вести

Реакција на Општина Охрид на соопштението од ВМРО- ДПМНЕ

Откако четири години со прст не мрднаа за Охрид во безидејноста и немањето  визија за решавање на проблемите, од ВМРО- ДПМНЕ  се занимаваат со погрешна  математика.

Вкупниот долг на Општина Охрид  по сите основи  заклучно со 30. 09  2017 година изнесуваше 1 616 000 000 денари од кои што  во текот на 2017- 2018  година од сопствен буџет  се исплатени 100 000 000   денари. Со процесот на  раздолжување  беа исплатени 500 000 000 денари  , 260 000 000 остварени заштеди  со намалување камати од страна на доверители,  за 192 000 000  денари се склучени спогодби  кои тековно се сервисираат  од сопствен буџет.

На сите склучени спогодби  од 30.09 2018 година не течат камати, не се исплаќаат извршители . Долг којшто не е под спогодби , односно има сопствени налози за извршување  е во износ од 134 000 000 денари. Овој долг   заедно со каматите ќе биде предмет на следниот повик за раздолжување и финално деблокирање на општината. Според математиката  на ДПМНЕ излегува дека вратиле долг од 800 000 000 денари, во превод тоа се два годишни буџети на Општина Охрид , што е едноставно невозможно. А , во буџетот за општината  за период од четири години издвоиле 100 000 000 денари. Кој лаже???

 

Со почит

Одделение за односи со Јавност- Општина Охрид

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Охрид домаќин на ИЦФ Меѓународна Илинденска регата во кајак кану на мирни води „Охрид2019“

saso user

Охрид ја збогати туристичката понуда , но овој пат со атрактивен Луна Парк за најмладите

saso user

ОХРИД СЕ ПРОМОВИРА ВО ИТАЛИЈА

saso user