Свет

Моралес: Опозициските лидери поттикнаа пуч против мене

Поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес денеска на Твитер ги обвини опозициските лидери Карлос Меса и Луис Фернандо Камачо поттикнале воен удар против него.

– Противниците лажат и се обидуваат да не обвинат за хаосот и насилството што го предизвикаа – напиша Моралес на Твитер.

Моралес под притисок на армијата и повеќенеделните протести вчера поднесе оставка по речиси 14 години поминати на власт. Протестите почнаа по реизборот на Моралес на 20 октомври поради, како што тврдеше опозицијата, изборни нерегуларности.

Одлуката за оставката Моралес е соопшти од провинцијата Чапаре, каде своевремено ја почна кариерата како синдикален лидер.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Прв смртен случај на коронавирус надвор од Кина

saso user

СКАНДАЛ: Американски маринци направиле „листа за силување“ на нивни колешки

saso user

СЗО: Вакцина за новиот коронавирус за 18 месеци

saso user