Спорт

Дибала му донесе победа на Јувентус над Милан

Со голот на Пауло Дибала постигнат во 77.минута, актуелниот италијански шампион Јувентус синоќа на свој терен го совлада Милан. Триумфот (1:0) значеше нови три бода за Јувентус со кои повторно се искачи на врвот на табелата во Серија А.

По 12 кола „Старата дама“ има 32 бода, еден повеќе од второпласираниот Интер. Следуваат Лацио и Каљари со по 24 бода.

Милан го запиша седмиот пораз и со 13 бода се наоѓа во долниот дел на табелата.

ФОТО: EPA / ALESSANDRO DI MARCO

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ливерпул и Норвич ја отвораат новата сезона во Премиер лигата

saso user

Интер очекува да заработи 110 милиони од продажба на позајмените фудбалери

saso user

Надал и Андреску се повлекоа од турнирот во Синсинати

saso user