Спорт

Гвардиола: Ливерпул е најсилен во Европа, прв ќе им честитам ако бидат шампиони

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, после поразот во дербито со Ливерпул, изјави дека е горд на неговиот тим и не сакаше да го коментира судењето.

– Горд сум на мојот тим, ретко кој гостински тим игра вака офанзивно на овој стадион на кој се најтешки гостувањата. Почнавме одлично, храбро, но Ливерпул е европски првак, од два шута даде два гола. Не беше лесно да се вратиме после негатива од два гола. Има уште седум месеци до крајот на сезоната, ќе се бориме до крај. Ако Ливерпул биде првак, јас прв ќе им честитам – рече Шпанецот кој не сакаше да зборува за ВАР и судиите.

За Гвардиола, сега најважен е наредниот меч кој ќе биде против Челзи.

ФОТО: EPA / FRIEDEMANN VOGEL

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Нејмар го цитира Боб Марли

saso user

Македонските одбојкари ќе играат во Златната европска лига

saso user

Шпанија во полуфиналето на СП 2019

saso user