Сцена

Манекенка го обвини познатиот режисер за силување

Една Французинка го обвини Роман Полански за силување во Швајцарија во 1975 година кога имала 18 години, објави парискиот весник „Паризиен“, само неколку дена пред премиерата на новиот филм од режисерот кој во САД е обвинет за силување малолетничка.

Валентин Моние, чии обвинувања следат по обвинувањата од други жени во последните години, рече дека не поднела тужба, но одлучила јавно да го обвини Полански поради прикажување на филмот „Офицер и шпион“ (J’accuse) за непочитување на правдата во аферата Драјфус.

– Не бев во врска со него, ниту лична ниту професионална, го познавав површно – изјавила за весникот фотографката која била манекенка во Њујорк и глумела во неколку филмови во 80-тите години, меѓу кои и „Тројца мажи и бебе“.

Таа тврди дека се работело за многу насилен напад.

Адвокатот на режисерот, Ерв Темим, за „Паризиен“ изјави дека Роман Полански одлучно го отфрла обвинувањето за силување и истакна дека наводниот настан од пред 45 години никогаш не бил пријавен кај правосудните органи.

Полански призна вина за полов однос со малолетничка во 1977 година и беше осуден на 90 дена затвор, но беше ослободен по 42 дена. Кога дозна дека судијата планира да му изрече повеќегодишна затворска казна, тој од САД избега во Франција.

Оттогаш се појавија повеќе обвиненија. За време на филмскиот фестивал во Кан во 2010 година, британската актерка Шарлот Луис го обвини за сексуално злоставување кога имала 16 години во 1983 година. Друга жена го обвини во август 2017 година за истиот престап во 1973 година кога имала 16 години. Во септември 2017 година, Ренате Лангер, поранешна актерка, го обвини за силување во 1972 година во Гштад кога имала 15 години.

Адвокатот на режисерот тврди дека обвинувањата на тие три жени се неосновани.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ВИКЕНДОВ ,ПРЕСПА Е НАЈДОБРАТА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА ДОБРА ЗАБАВА.

saso user

Имаат милиони, но се венчаа за 600 долари: Софи Тарнер и Џо Џонас побегнаа во Лас Вегас ФОТО

saso user

Великаните на српското глумиште на поштенски марки

saso user