Сцена

Лијам Пејн призна дека бил преплашен кога дознал дека ќе стане татко

Поранешниот член на Уан Дајрекшн, Лијам Пејн се отвори и зборуваше за грижите кои ги имал кога му било кажано дека ќе стане татко на 23 години. Пејн, кој сега има 26 години, зборуваше за моментот кога ја слушнал веста од неговата поранешна девојка, 36-годишната Шерил Кол.

– Многу е тешко да станеш татко толку млад. Мислам дека толку многу размислував за тоа каков татко ќе бидам, имав толку многу грижи за почеток. Почнав со лоши мисли. Се исплашив, се грижев дали ќе можам да ги издржувам и двајцата – призна Пејн.

Тој кажа дека Шерил е една од најважните личности во неговиот живот.

– Таа и мојот син се многу важни за мене. Иако не сме заедно, Шерил е важна личност во мојот живот. Среќен сум што имам некого кој се грижи за тоа низ што поминувам. Единствено нешто што ми недостасуваше во врската, беше тоа да ги разберам нејзините чувства. Кога бев поддалеку од неа сфатив дека сакајќи да ја заштитам, голем дел од неа сака да ме заштити мене – додаде пејачот.

Како што пренесува „Метро“, се чини Лијам не ја исклучува можноста да биде повторно со мајката на неговото дете.

– Ако таа ги изигра добро нејзините карти. Ќе добијам шлаканица за ова кога ќе си одам дома – се насмеа  тој.

Пејн додаде и дека патувањето за концертите и неговата работа му отежнуваат, па понекогаш поминува и две недели без да си го види синот.

ФОТО: Инстаграм

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Меган Маркл го објави стапалото на бебето, милион „лајкови“ за два часа ФОТО

saso user

Родригез не знае каде ќе се ожени, ни што ќе облече, ниту кога ќе се случи свадбата со Џеј Ло

saso user

Пијан Германец го однесе во смрт Шаулиќ

saso user