Сцена

Како се скараа Сајмон Ковел и Литл Микс? (ВИДЕО)

Девојките од Литл Микс станаа славни по победата во британското музичко шоу на Сајмон Ковел, „Х Фактор“, а ја имаа и честа да бидат првата група што победи на овој натпревар.

Но сега групата го започнува своето ново шоу на Би-Би-Си, „The Search“, што преставува конкуренција за тоа на Ковел. Тој не е пресреќен што девојките влегуваат во негова територија, откако најави дека нема да има „Х Фактор: Сите ѕвезди“, ами натпревар за формирање на нова поп група. „Сан“ појаснува како дојде до расправија меѓу Ковел и Литл Микс.

Првите четири албуми на групата беа под Сико, но потоа девојките беа фрустрирани од тоа како се третирани.

Расправија меѓу Ковел и менаџерите на групата од „Модест“, ги натера девојките да го издадат петтиот албум под РКА во ноември 2017 година.

На овој чекор девојките се одлучија откако му пишаа на Сајмон и го изразија своето незадоволство.

Тој им помогна, но неговата врска со „Модест“, кои ги менаџираат и Спајс грлс, Оли Марс и Најл Хоран, отиде во неповрат.

Ситуацијата ескалираше кога девојките бараа да бидат ставени како автори на „Woman Like Me“, покрај Ед Ширан и Џес Глин.

Тие напишале свои стихови и не барале пари за тоа.

По нова расправија, Ковел одлучи да ги раскине сите врски со „Модест“ – вклучувајќи ги и таа со Литл Микс и со минатогодишната победничка група на „Х Фактор“, „Рак-Су“.

Сајмон инсистираше дека сака да ги поддржи лојалните вработени во Сико, кои биле таму со години.

Иако тој ги стави имињата на девојките како автори на песната, тие си ги разделија патиштата.

Музичките шоуа „Х Фактор: Бенд“ и „The Search“ ќе бидат конкуренција едно на друго.

Сајмон инсистира дека тој прв дошол до идејата за вакво шоу.

– Ми пријдоа и ми побараа да бидам ко-продуцент на нивното шоу лани. Им кажав дека имаме проблем, бидејќи ние планираме „Х Фактор: Бенд“ во 2020 година. Ни беше кажано дека тие го планираат шоуто за 2021 година. Не се разбравме, па дознав дека нивното шоу е поместено за идната година. Дали тоа го направија намерно? Не знам. Како и да е, многу забавно ни дојде за да не го направиме оваа година нашето шоу. Сакам ние да бидеме први. Сто отсто позабавно е кога има битка – вели тој.

Шоуто се очекува да се поклопи и со изборите во Велика Британија. Ковел се надева дека ќе најде група која ќе се спротистави на корејските групи, како БТС.

ФОТО: Сајмон Ковел / Твитер / Сан

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

„Игра на тронови“ сруши рекорд – доби 32 „Еми“ номинации

saso user

Тамара ги откажа концертите: Семејството ми е во агонија!

saso user

Тој е најсексапилниот маж во 2019 година ФОТО

saso user