Сцена

Џенер оди в џунгла, ќе се натпреварува во „Јас сум ѕвезда, извадете ме оттука“

Ѕвездата на „Keeping up with the Kardashians“, Кејтлин Џенер е една од натпреварувачите во новата сезона на „Јас сум ѕвезда, извадете ме оттука“, пренесува „Метро“.

Џенер – татко на Кендал и Кајли и поранешен сопруг на Крис Џенер – ќе оди во Австралија за да земе учество во познатото британско шоу. Наводно, ќе го земе најголемиот надоместок за учество досега – дури 500.000 фунти.

– Ја прашуваа секоја година дали сака да учествува, таа најпосле прифати – вели извор за „Сан“.

Со Џенер во џунглата ќе биде и поранешната членка на „Girls Aloud“, Надин Којл. За Којл се вели дека е на листата со надеж дека ќе каже нешто за минатото на групата.

Диџеј, фудбалер, актерка, водителка, рагби играч, синот  на пејачот од „Wham!“, како и победникот на Х Фактор, дел од групата „Рак-Су“, Мајлс Стипенсон исто така ќе бидат дел од играта.

ФОТО: Инстаграм

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Груевски ќе ја пее химната на Мечкин Камен, а ќе настапи и во чест на Тоше

saso user

Селма Хаек и Семјуел Л. Џексон во потрага по ајвар на пазарот во Ровињ

saso user

Анџелина Џоли во ретко интервју конечно призна зошто се развела од Бред Пит

saso user