Бизнис Наука

Првиот град на Марс ќе се гради 20 години, потребни се 1.000 вселенски бродови

Според проценките на директорот на Спејс-Икс – Илон Маск, првиот град на Марс би се градел најмалку 20 години и за тоа би биле потребни барем 1.000 вселенски бродови.

Според него, лансирањето на една ракета „Старшип“ ќе чини два милиони долари, а градот на Марс, многу веројатно, ќе стане реалност. За таа цел, сепак, ќе треба да бидат лансирани околу 1.000 такви полети со коишто ќе се пренесуваат потребните материјали.

Патот од Земјата до Марс засега може да се мине за две години.

Пред да се изгради одржлив град на Марс, претходно ќе се реализра астронаутска мисија со луѓе на Црвената Планета. Сепак, сега се чека луѓето прво да отидат на Месечината, за што НАСА постави рок до 2024 година. Спејс-Икс се надева дека до 2022 година ќе спушти свое летало на месечевата површина заради подготовките за слетување на астронаутите.

Во минатото, Маск ја спомна и мисијата за спуштање на екипаж на Марс во 2024 година, но тоа се чини многу тешко изводливо.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Повик за јавно-приватно партнерство за изградба на дистрибутивниот гасоводен систем

saso user

Во Елисејската палата договорена пензиската реформа

saso user

Илјадници тони месо и млеко во ѓубре поради малата побарувачка

saso user