Македонија Топ вести

Почна лидерскиот состанок на Светскиот економски форум во Женева, присутни се и Заев и Димитров

Премиерот Зоран Заев во придружба на министерот за надворешни работи Никола Димитров, присуствува на состанокот што го организира Светскиот економски форум во Женева, на тема „Стратешки дијалог за Западен Балкан“.

На работната сесија што е во тек учествуваат лидери на државите од Западен Балкан, но и пошироко од регионот, претставници на Европската комисија, на организации од Европа, како и од организаторот, Светски економски форум.

Како што соопшти владината Прес-служба, целта на состанокот е во функција на зајакнување на економската соработка помеѓу државите од регионот, процес што е во тек и се интензивира.

Експертските искуства и поддршката од Светскиот економски форум се посебно значајни во услови на потребата од иновации, од вложувања во човечкиот потенцијал во земјите од Западен Балкан, од поттикнување на компетитивноста на домашните компании, во функција на регионалниот развој, се наведува во соопштението.

Во фокусот на дискусиите на работната сесија, според најавеното, се економската но и политичката клима во Европа, односно предизвиците и можностите на политички и економски план, со цел развој на државите од Западен Балкан во духот на позитивна агенда за иднината на регионот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Сопругата на Претседателот на настанот „Таа лета со сопствени крилја“

saso user

Две понуди за јавно-приватно партнерство за хирургија и за болнички инфекции

saso user

Поповски: Треба да се прилагодиме на новата методологија за ЕУ, а не да играме на картата на притисок

saso user