Балкан

Нападната единица на специјалната грчка полиција, повредени тројца полицајци

Со молотови коктели и камења, група непознати лица нападнале единица на специјалната грчка полиција, како и полицајци од единицата со мотори, при што повредени се тројца полицајци, а 16 лица се приведени од кои еден уапсен, јави дописничката на МИА од Атина.

Инцидентот се случил доцна синоќа во атинската населба Ексархија, која важи за собиралиште на анархисти и доста често маскирани лица со молотови коктели ја напаѓаат полицијата.

Повредените полицајци, како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА, биле пренесени во болница, а уапсено е 27 годишно лице. Неофицијално, уапсениот е член на анархистичката група „Рубикон“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Советот на Европа се откажа од набљудување на изборите во Албанија

saso user

Објавени министрите во новата грчка влада, Дендиас шеф на дипломатијата

saso user

Со возило ја пробил заштитната ограда, од мостот слетал право на шини и останал жив (ВИДЕО)

saso user