Спорт

Лејкерс е најомразен НБА тим во САД

Едно испитување на јавното мислење во САД покажа дека Лос Анџелес лејкерс кај Американците е убедливо најомразениот кошаркарски клуб кој настапува во НБА лигата.

Во дури 34 сојузни држави се изјасниле дека Лејкерс им се најнеомилен НБА клуб, а за ова веројатно придонесе и тоа што „езерџиите“ сезонава повторно се меѓу најдобрите тимови во лигата и потрошија многу пари за да направат силен тим.

Голден стејт вориорс најмногу го мразат во 11 сојузни држави, Лос Анџелес клиперс е најнепопуларен во три сојузни држави, од кои едната е Калифорнија каде што играат, додека Хјустон рокетс е „непријател број 1“ во Јута и Оклахома.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во Штип почна кампот на Реал Мадрид Клиник, Касиљас ќе обучува

saso user

Мугуруза – Кенин во финалето на Австралија опен

saso user

Пандев казнет со 2.000 евра од Италијанската фудбалска федерација

saso user