Македонија

Катица Јанева, Боки 13 и Кичеец влегуваат во судница за „Рекет“

Основниот кривичен суд во Скопје го прифати обвинението за првата истрага во случајот „Рекет“ со кое се опфатени Бојан Јовановски – Боки 13, Катица Јанева и Зоран Милески Кичеец.

Судот ги одбил сите приговори на одбраната и обвинителниот акт го одобрил во целост.

Ова значи дека сега предметот „Рекет“ ќе се стави во АКМИС системот и ќе се додели на судија, по што набргу се очекува да се закаже и првото рочиште од судскиот процес.

Обвинителниот акт кој сега е прифатен се однесува на изнудување пари од бизнисменот Орце Камчев, кој го и пријави случајот кај обвинителката Вилма Русковска. Според обвинението, пари од него се земани со цел да добие поповолен третман во случајот „Империја“ на СЈО, каде тој е еден од осомничените.

Во случајот Јовановски се терети за две кривични дела: примање награда за противзаконито влијание и за перење пари. Кичеец е второосомничен само за делото примање награда за противзаконито влијание. Јанева, како трета на листата, е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Арсовски: Смешно е квалитетни луѓе да презентираат популизам дека повторно ќе го смениме името

saso user

Спасовски: Има пријави за рекет, криминално стекнатиот имот ќе се конфискува

saso user

СДСМ: Ребалансот на Буџетот обезбедува повеќе пари за граѓаните, градиме силна и конкурентна економија

saso user