Македонија Топ вести

Како се организира Трибина на „Прав Пат“…На лево поравнетесе директори!!

Јавната трибина за подобрување на општеството, преку примена на граѓански активизам со примена на интерактивен метод, секако дека е едно од подобрите филозовски одредливи методи.

Но кога се организира партиска трибина, тогаш немаме ефект на подобрување на општеството, туку, кај нас во Македонија, партиската трибина има сосем посебно значение, од типот, „одиме да не видат, сите ќе се таму“ и, тогаш, искривените вредности излегуваат на повидок.

-„Директори Збор. На лево поравнувај се. Соберете работници, да се наполни салата. Кога ќе дадам знак, сите аплауз. Јасно? Јасно?“ и така до недоглед.

-„Прашања се подготвени за функционерите и министрите, ќе ги постават од младина одбрани што би рекол другарот Тунте „Маладојни“. Тие прашања ќе ни ги пратат од централа. Микрофон ќе се дава само кај нив да постават прашање, ама ќе се внимава, од кога едната ќе постави прашање, микрофонот одма се зема и се дава ќај следниот кој е на список за поставување прашање. Немој случајно да сте го дале на некого, да лупа и поставува прашања, кој не се договорени со централата. Да се внимава на поединци кој можат сами без микрофон да се дрзнат да постават прашања.Тие ги знаеме, истите да се покријат од страна на Ел команданте „Шпати“ и тајфата, да не им се даде простор. На секој одговор, да следува синхронизиран аплауз од страна на младината. Кога ќе влегуваат, веднаш голем аплауз, на крај на трибината, исто така голем аплауз. Сите директори на јавни и државни установи, да си организираат да ги донесат вработените, посебно сите оние кои ги примивме на работа, ама не сами да дојдат, најмалку потесната фамилија да ја носат на трибина “….., и така правеше азилантот Никола Груевски.Крајот му го видовме.

С.Денесовски

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Морина најрано утре на слобода?

saso user

Полски навивач се изгубил во Дебар Маало додека траел натпреварот

saso user

Се разрешуваат директорите на Македонија пат, МЕПСО, ЕЛЕМ, МАЛМЕД, Железници, Драмски…

saso user