Балкан

Иса Мустафа прифати Албин Курти да биде новиот косовски премиер

Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) ќе го почитува принципот според кој мандатар на владата ќе биде кандидатот на партијата која на изминатите вонредни избори освои најмногу гласови, а тоа во конкретниов случај е движењето Самоопределување, односно Албин Курти, изјави на прес конференција во Приштина попладнево лидерот Иса Мустафа, по седницата на партиското претседателство.

Мустафа ја најави и средбата на двете партиии на највисоко ниво кога, како што кажа, ќе стане збор за дијалогот со Белград и за уште неколку други прашања.

Лидерот на движењето Самоопределување, Курти, според вчера соопштените конечни резултати од изборите, поединечно освоил најмногу гласови и со тоа ја обезбедил премиерската функција.

Мустафа кажа и дека до сега во преговорите е усогласен поголем дел од програмата на идната влада и додаде дека некои разлики постојат, кога станува збор за економските и социјалните прашања, пренесе Коха .

– Новата влада ќе биде поефикасна и поекономична. Не треба да се занимаваме со прашањата за кои не се согласуваме, иако тие се многу малку – рече Мустафа.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Помош за настраданите во ланските пожари, најави Мицотакис

saso user

Диви свињи шетаат по Белград, ги има и на Калемегдан ВИДЕО

saso user

И „гејзери“ на белградските улици од големото невреме кое го зафати градот

saso user