Свет

За Помпео, НАТО не е во „мозочна смрт“, но е старо 70 години

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Берлин предупреди дека НАТО мора да расте и да се менува или постои разик да биде надминато.

Одговарајќи на прашања на новинарите дали е НАТО застарено или доживелао „мозочен удар“,како што оценува францускиот претседател Емануел Макрон, државниот секретар кажа „дека минаа 70 години… треба да  расте и да се менува. Треба да се соочи со реалноста и предизвиците на денешнината“.

– Доколку земјите сметаат дека можат да имаат безбедносна корист, а на Алијансата да не и пружаат неопходни ресурси, или да не ги почитуваат своите обврски, тогаш постои ризик НАТО да стане неефикасно и застарено – заклучи американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Уапсени пет странци кои планирале напад за новогодишната ноќ во Анкара

saso user

Почина писателката на криминалистички бестселери, Мери Хигинс Кларк

saso user

„Репортери без граници“: Во 2019 година убиени 49 новинари

saso user