Свет

Експлозија во германски рудник, 38 луѓе заробени под земја

Најмалку 38 луѓе останаа заробени во рудникот Теутшентал во централна Германија откако дојде до експлозија, при што две лица се повредени.

Експлозијата се случи во 9 часот изутрина кај Лајпциг, во германската сојузна држава Саксонија. Заробените лица наводно се на безбедно, во некое засолниште. Весникот „Билд“ објави дека 38 луѓе се заробени 700 метри под земја.

Рудникот во Теутшентал, кој работи од почетокот на минатиот век, беше згаснат во 1982 година и претворен во депонија за минерален отпад. Претходно од него се вадел калиев метал.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Наместо аплауз, алкохол: Француските здравствени работници ќе добијат 5000 шишиња шампањ

saso user

Трамп дошол во црква со сосема поинаква фризура, луѓето во шок: Друга личност ФОТО

saso user

Кина: Ја поддржуваме истрагата на СЗО, не сакаме политизација на пандемијата

saso user