Македонија

Димитров во четири очи со советник на Макрон

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на маргините на „Стратешкиот дијалог за Западен Балкан“ организиран од Светскиот економски форум во Женева, денеска се сретна со шефот на шпанската дипломатија Жозеп Борел, кој е номиниран за функцијата висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, како и со Клеман Бон, советник за Европа во кабинетот на претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, на средбата со шпанскиот министер и иден висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Борел, биле разменети мислења за неколку теми, со акцент на очекувањата за временската рамка за ратификација на Пристапниот протокол на Северна Македонија кон НАТО, со оглед на претстојните избори во Шпанија, како и за европската перспектива за регионот, ЕУ аспирациите на Северна Македонија и следните чекори по октомврискиот Европски совет.

Притоа, се додава во соопштението, стана збор и за последиците од исходот на Самитот за земјава и регионот, можниот развој на настани во регионален контекст, како и за приоритетите во работата на високиот претставник на ЕУ.

„Министерот Димитров, посакувајќи му на Борел успех во извршувањето на претстојната значајна функција, изрази надеж дека за време на неговиот мандат ќе дојде до суштинско и мериторно придвижување на земјите од регионот кон ЕУ, истакнувајќи дека: „европски Западен Балкан е заеднички стратешки интерес и на ЕУ и на нашиот регион“, стои во соопштението

Со советникот на претседателот Макрон, Клеман Бон, министерот Димитров, како што се посочува во соопштението, имаше отворен разговор за тоа како да се овозможи заедничка победа и успех преку адресирање на грижите на Франција, на Европската Унија, Северна Македонија и на регионот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Граѓаните реагираат на сеча на дрвја во центарот на Куманово

saso user

Пратеникот Македонец во албанскиот Парламент донираше учебници во Пустец

saso user

Груевски налета на новинар во Будимпешта ВИДЕО

saso user