Балкан

Вучиќ: Западен Балкан ѝ е потребен на ЕУ, колку што е ЕУ на регионот

Оној кој не гледа дека регионот ѝ е еднакво потребен на Европската унија, колку таа нам, не ја разбира добро иднината на европската политика, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата посветена на западен Балкан во Женева.

– Кога мислите дека сте на врвот на моќта, кога уживате во свои бањи, фонтани…тогаш не забележувате колку некои други се гладни, жедни, и колку го сакаат тој простор и се друго – изјави Вучиќ.

Тој вели дека не го разбира сосема ставот на ЕУ дека десет земји од Еврозоната наводно издржуваат уште 17 земји, кои се членки на ЕУ, па тоа го користат како аргумент дека не им се потребни уште четири, пет или шест земји од Западен Балкан.

Сепак, Вучиќ оцени дека не треба да ѝ држиме предавања на Европа и оти во прашање е нивна одлука, а дека тој е подготвен пред српските пратеници да зборува за она што се случува во Европа и светот.

Photo: EPA / ANDREJ CUKIC

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

По Македонија, Прибе ќе ја прибере и Босна

saso user

Грчката полиција со амбициозен план: За неколку месеци ќе го намалува криминалот за 25 отсто

saso user

Црна Гора очекува хибридни напади пред изборите, НАТО испраќа помош

saso user