Македонија Урбани вести

ВМРО ДПМНЕ:Масовното труење на бездомни кучиња на градскиот плоштад ја згрози јавноста.

Масовното труење на бездомни кучиња на градскиот плоштад ја згрози јавноста.

Со СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески наместо Охрид да биде пријателско место и за домашните миленичиња и за бездомните животни, стана место на монструозно дивеење и садистичко изживување над животните.

Ова ли е хуманиот третман за животните?

До кога Георгиески ќе го чува директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Љупчо Грданоски и заедно ќе го игнорираат овој проблем?

Господине Георгиески уште што треба да се случи за да се разбудите и да преземете конкретни чекори?

Георгиески и Грданоски треба да одговараат за загрозување на безбедноста на сѐ што е живо не само на градскиот плоштад туку и во градот.

Георгиески да го разреши директорот Грданоски затоа што оставањето отров, којшто тешко се наоѓа со посебна процедура, на јавни површини е кривично дело и предизвикува опасност по живот.

Зошто и покрај тендерот за заловување, стерилизација и кастрирање на бездомни животни, обезбедени средства, вработени луѓе, набавени возила и комплетна опрема за заловување не функционира стационарот во „Мaуцкер”?

Со локалната власт на СДСМ ниту профункционира стациoнарот, ниту закони, ниту полиција која постапува и штити.

ВМРО-ДПМНЕ бара брза реакција и разрешница од СВР Охрид, Јавното Обвинителство и Агенцијата за храна и ветеринарство.

Господине Георгиески Ве потсетуваме уште еднаш на тоа што го порача виолинистката Ванеса Меј на отворањето на манифестацијата „Охридско лето“:

„Властите да не даваат бесплатен отров за труење на бездомните кучиња!“

СДСМ и Георгиески не се на правиот пат затоа што не преземаат конкретни мерки за решавање на проблемот со бездомните кучиња.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Денеска променливо облачно со локални врнежи

saso user

Овој јули бил најтоплиот месец од 1880 година, од кога се мери температурата

saso user

Заштитете ги пчелите ќе се прска против комарци

saso user