Урбани вести

75 РУЖИ ЗА 75 ГОДИНИ СЛОБОДЕН ОХРИД

Во рамки на чествувањата посветени на 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, градоначалникот Константин Георгиески положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на борците  во Спомен паркот на револуцијата, а присуствуваше и на историскиот час за значењето на 7-ми Ноември.

Делегации од општина Охрид, од Сојузот на борци  и останати претставници на политичкиот и јавниот живот од градов положија цвеќе и пред Спомен обележјето на Јасна Ристеска во с. Рамне каде се одржа панихида и културно- уметничка програма.

Свежо цвеќе беше положено и пред спомен обележјата од НОБ кај Градски гробишта, Градски парк, Основен суд, двор на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.

По завршување на свечените церемонии градоначалникот Константин Георгиески во својот кабинет  прими делегација од Сојузот на борци. Тој им посака добро здравје и им се заблагодари за  доприносот што тие го дале во досегашниот развој на Охрид.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ СО АЛБАНСКИОТ АМБАСАДОР РЕКА

saso user

Симфонискиот оркестар на Бријанск вечерва во црквата „Света Софија“ на „Охридско лето“

saso user

ВИСОКА ДЕЛЕГАЦИЈА ОД БУГАРИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

saso user