Урбани вести

ВМРО ДПМНЕ :Честитка по повод 7 Ноември-Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичкиот окупатор

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите граѓани им го честита 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид од фашистичкиот окупатор.

7 Ноември е еден од најсветлите историски датуми за нашиот Охрид кога во 1944 година на олтарот на слободата на градот останаа на вечна стража храбрите борци. Ден кога се потсетуваме на многу славни херои, меѓу нив и Јасна Ристеска кои ги положија своите животи за слободен Охрид.

Херојството и визијата на жртвите за слободен Охрид се должни за почит, а нивниот спомен е аманет за зачувување на својата татковина, Република Македонија.

Тоа е наш долг кон нашите претци и наш завет кон нашите поколенија.

Охрид се сака со дела, а патот на Охрид како подобро место за живеење ќе добие вистинска насока само со обновата на Македонија.

Нека ни е честит и вековит Денот на ослободувањето на Охрид!

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ПОЛСКИОТ АМБАСАДОР ВОЈЦИЕХ ТИЦИЊСКИ ВО ПОСЕТА НА ОХРИД

saso user

ОЕМУЦ „СВ.НАУМ ОХРИДСКИ“ ДОБИ НОВА УЧИЛИШНА СПОРТСКА САЛА

saso user

Во Ресен се одржа традиционалната манифестација “Најдобри од најдобрите”

saso user