Здравје

Откриен ген одговорен за аритмија кај човекот

Научници од Универзитетот „Бен Гурион“ открија ген што е одговорен за појава на аритмија кај луѓето, што досега не ѝ било познато на науката.

Како што објави ТПС Израелската новинска агенција, аритмијата е причина за смртта на 200.000 луѓе годишно, а израелските научници го направија првиот чекор кон пронаоѓање лек.

Проучувајќи ја генетиката на три генерации еврејски семејства од иранско потекло, истражувачите дошле до сознание дека мутација во генот КЦНД2, како процес поттикнува создавање на т.н. калиум јонски канал Кв-4.2 во срцето. Со генетските истражувања раководеа проф. Амос Кац, кардиолог и декан на Факултетот за здравствени науки и д-р Менахем Сасон, матичен лекар на семејството.

Врз основа на овие откритија, Националниот институт за биотехнологија во Негев (НИБН) и Факултетот за здравствени науки при Универзитетот се во првична фаза на развој на лек против аритмија.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

7 најчести фалш намирници и како да ги препознаете

saso user

Скратено работно време по породилното, користат по десетина жени од компаниите-иницијатори

saso user

Витаминот важен за спречување на тешки видови на рак, можете да го внесете многу лесно

saso user