Македонија Топ вести

Јуриј Филипсон: Проширувањето на НАТО ја поткопува довербата и стабилноста на Европа

Процесот на проширување на НАТО ја поткопува довербата и стабилноста на европскиот континент и води кон засилена конфронтација, смета директорот на Четвртиот европски оддел при руското Министерство за надворешни работи, Јуриј Филипсон.

– Позицијата на Русија во однос на проширувањето на НАТО е добро позната. Тој процес е деструктивен сам по себе, ја поткопува довербата и стабилноста на европскиот континент и води кон засилена конфронтација. Приемот на сите нови членки во Алијансата, вклучително и Северна Македонија, го гледаме од тој агол – вели Филипсон во интервју за РИА Новости.

Тој нагласува дека не станува збор „за воена закана што Македонците може да ја претставуваат за Русија“, туку за „комбинација на ризици по европската безбедност, што мора да бидат надминати со различни методи, наместо со вклучување на земјата во антируската политика и военото планирање на НАТО“.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ставиле камери во хотелски телевизори, штекери и фенови за коса, четворица уапсени во Јужна Кореја

saso user

Слаб снег паѓа на Попова Шапка

saso user

Димитров: Ако нема одлука за преговори, ЕУ ќе испрати лош сигнал кон регионот

saso user