Здравје

Ракот на дојка може да се открие пет години пред да се појават првите симптоми

Студијата која ја спровеле британските научници покажува дека имунолошкиот одговор на нашето тело на туморските клетки на ракот на дојка може да се откријат пред да се развие болеста.

Ракот на дојка може да се открие пет години пред да се појават клинички знаци благодарение на тестот на крвта кој би можел да ја одреди имунолошката реакција на организмо на клетките на туморот. Овие резултати од истражувањето беа презентирани на Националната конференција за рак во Глазгов. Меѓутоа, онколозите предупредуваат дека овие резултати треба да се земат со претпазливост.

Новиот тест на крвта може да го детектира ракот на дојката пет години пред да се појават првите симптоми на болеста, велат научниците.

Тестот, кој ја идентификува реакцијата на имунолошкиот систем, тела на протеини кои произведуваат клетки на рак, може да биде достапен во следните четири години.

Клетките на ракот произведуваат протеини наречени антигени кои го тераат организмот да создава антитела против нив, познати како авто-антитела, јавува Скај њуз.

Научниците од Универзитетот Нотингем развиваат тест кој ќе ја идентификува реакцијата на системот за имунитет на антигени поврзани со туморот, бидејќи тие се добар показател за болеста.

Тие развиле таканаречени панели на антигени поврзани со ракот на дојката за да детектираат дали во телото постојат авто-антитела против нив во примерок од крвта.

Научниците утврдиле дека е можно да се откријат автоантитела против голем број антигени и до пет години пред појавата на првите клинички симптоми на оваа болест.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Каква исхрана води кон анемија и што да јадете за да не бидете слабокрвни

saso user

Време е да почнете да консумирате цимет, бидејќи има многу придобивки

saso user

Зошто треба да пиеме кафе без шеќер?

saso user