Досие Македонија Топ вести

(ФАКСИМИЛ)Нов скандал со партиско – непостистички вработувања во Општина Охрид?!

Општина Охрид, со нова драмолетка од типот „Ринге, ринге, јаја “,  со која детска игра, сега ќе се поставуваат нови раководители на сектори во Општина Охрид !? Како беше она „Мало Сутра“!?

Ништо ново, непостизам до крајни граници, желби на поединци од врвот на СДСМ Охрид и охридското СВР, преголеми, сега е на потег Општина Охрид, која мака ќе мачи според онаа народна поговорка „Од секое дрво, свирче да прави“?!

ОБЈАВЕН ОГЛАС, ПОНИШТИ НЕ ВАЖИ, РАСПИШИ НОВ ЗА РАКОВОДИТЕЛИ….?!

Од како во детската игранка „Ринге, ринге, јаја, распиши Оглас“, претходно Општина Охрид, распиша интерен оглас за унапредување на државни службеници, по теркот на кариера, од кога заврши интерниот Оглас, истиот експресно беше поништен од страна на градоначалникот на Охрид Константин Георгиески! Образложението крајно невкусно, имал големи притисоци од вработените, сите сакале да бидат унапредени?!

Според Закон за државни и јавни службеници, секој државен и јавен службеник има право да напредува во својата кариера, според прикажани резултати од своето работење и секако негово соодветно завршено образование. Напредувањето во кариерата на државните и јавни службеници, не смее да биде по партиски, другарски или родбински клуч. Избраното лице на непосредни локални избори, во конкретниов случај – Градоначалник, со општината која управува, носи политички одлуки во корист на граѓаните, а не во корист на другари, роднини, пријатели и, тука нема компромис.

НОВ НЕПОТИСТИЧКО – ПАРТИСКО ПОЛИТИЧКИ ПРИЕМ НА РАКОВОДИТЕЛИ ВО ОПШТИНА ОХРИД?!

На ден 29-10-2019 година, Општина Охрид испраќа по електронски пат официјално барање до Агенцијата за Администрација -Скопје, за објавување на Јавен Оглас за вработување на Админситративни службеници.

Со ова барање испратено до Агенцијата за Администрација на РСМ -Скопје, Општина Охрид бара објавување на Јавен Оглас за прием на 10 раководители. Огласот треба да биде објавен во два печатени медиуми во РСМ и, тоа во “Нова Македонија“ и “Коха“. Рокот за аплицирање изнесува 15 дена, од денот на објавата на званичната веб страна на Агенцијата за Администрација РСМ -Скопје.

Она што преставува крајно недоветно и чудно, е фактот, дека осум (8) од 10-те објавени места, се веќе пополнети, од лица веќе вработени во Општина Охрид, кој поголем дел и сега со наредба ги обавуваат раководните дејности во Општина Охрид.

Редакцијата ОхридСкај, утре во 20 часот ќе го објави комплетниот список на веќе унапред поставените раководители на сектори во Општина Охрид. Она што ќе биде изненадување за јавноста, секако ќе бидат имињата на лицата – раководители, со што во голема мера ќе се разоткрие НЕПОТИЗМОТ И ПАРТИСКИТЕ ИГРИ ВО СДСМ Охрид. Она „Мало сутра“….

Продолжува :

Прилог: Факсимил од испратеното барање на Општина Охрид, до Агенцијата за Администрација -Скопје

Сашо Денеосвски-Лично

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Заев – Мускат: Малта со силна поддршка за Македонија за датум за старт на преговорите со ЕУ

saso user

Еве каков ќе биде редоследот на гласачкото ливче за иден претседател

saso user

„Скандал во Северна Македонија: Уапсена специјалната обвинителка за изнуда“, грчките медиуми за Јанева

saso user