Досие Македонија Топ вести

ЗА ОПШТИНА ОХРИД ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ НЕ СЕ ГРАЃАНИ, ОДИМЕ НА ПРОТЕСТ.

Во месец Јули 2019 година, откако беше најавен Протест на лицата со посебни потреби, а со кој протест, лицата со посебни потреби бараа од Општина Охрид да изврши адаптација на тротоарските површини, како би можеле лицата со инвалидитет со нивните помошни средства, да имаат полесен пристап до институциите, како и да можат безбедно да имаат движење. Ваквото право на лицата со посебни потреби произлегува од Устав на Република Македонија.Тогаш, градските власти, уплашени од комплетно парализирање на град Охрид со најавениот Протест, како уплашени и од фактот, дека Општина Охрид врши комплетна дискриминација на лицата со посебни потреби, веднаш побараа од Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби СОС БАЛКАН МЕДИА -Охрид, протестот да се одложи, како и дека Општина Охрид, веднаш ќе започне со спуштање на тротоарите пред сите раскрсници во Општина Охрид, како и пред сите институции.

ЗА ОПШТИНА ОХРИД ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ СЕ‘ ГРАЃАНИ ОД ВТОР РЕД?!

На ден 26-07-2019 година Општина Охрид во соработка со Јавното претпријатие „Градски гробишта“, започна градежни активности за адаптација на тротоарите со цел да им се олесни движењето на лицата со инвалидитет. Општина Охрид, веднаш преку средствата за Јавно информирање и на нивната Веб страна, поитаа да се пофалат, дека, ете тргнале да решат еден горчлив проблем, но секако тоа траеше само еден ден?!

Откако приложија една смешна фотографија, од наводно спуштање на тротоарските површини, на една локација во Охрид, акцијата на наводни градежни активности за адаптација на тротоарите со цел да им се олесни движењето на лицата со инвалидитет во Општина Охрид, застана!!!

СОС БАЛКАНМЕДИА БАРА ДА СЕ СПРОВЕДЕ ДОГОВОРЕНОТО, ОД ОПШТИНА ОХРИД САМО ШТО НЕ ПОЧНАЛЕ ДА ГИ СПУШТААТ?! МАНИПУЛАЦИИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ?!

Во 2018 година, на јавна трибина со прерано починатиот градоначалник на Охрид Др Јован Стојановски, СОС БАЛКАНМЕДИА, побара во Буџетот за 2019 година, во одделението за Комунален Развој на Општина Охрид, да се доделат 200.000 Евра, наменски, за обезбедување на соодветна инфраструктура за лицата со посебни потреби.

Тогаш на барањето на СОС БАЛКАНМЕДИА, од страна на Градоначалникот на Општина Охрид, беа одредени 6.000.000,оо денари, наменети за изградба и адаптација на сообраќајна инфраструктура за лицата со посебни потреби на територија на Општина Охрид, со надополнение, дека во проекција за буџетот на Општина Охрид за 2020 ќе се вметнат додатни 10.000.000,оо денари, на истата програма,  како би била опфатена цела територија на Општина Охрид.

Со ребаланс на буџетот на Општина Охрид, сердствата од 6.000.000,оо денари наменети во програмата за изградба на инфраструктура за полесен пристап на лицата со инвалидитет, биле префрлени за нови авантуристички проекти на Општина Охрид, поточно биле префлени за потребите на Манифестациите „Охрид ТрчаТ“ и „Охрид Тријал“?!

Наместо да се реши еден горчлив проблем, пристап на лица со посебни потреби, шест милиони денари завршиле на сметка на приватна фирма „ОхридТрачаТ“, како блок дотација на Општина Охрид, за оние што трчаат по пари, додека лицата со посебни потреби, можат да си седат дома, никој нив од Општина Охрид не ги есапи, тие се само гласачла машинерија, со која добро сакаат да манипулираат првите луѓе на Општина Охрид и СДСМ?!

РАКОВОДИТЕЛОТ НА СЕКТОРОТ ЗА КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ ТОМЕ НАНЕ, СЕКОГАШ СО ВЕТУВАЊЕ, ЌЕ ПОЧНЕМЕ ОД СРЕДА? А, КОЈА ГОДИНА, НЕ КАЖУВА?!

На барање на СОС БАЛКАНМЕДИЈА испратено до раководителот на сектор за комунални дејности при Општина Охрид Томе Наневски, досега во 15 наврати, на прашање кога ќе се продолжи со спуштање на тротоарските површини, секогаш добиваме ист одговор: -„ти ветувам почнуваме од среда“?! Раководителот Томе Наневски, никако да даде одговор на кој ден среда мисли и на која година ?!

Лицата со посебни потреби од Охрид, ќе организираат нов протест, ќе биде блокирана улицата Булевар Туристичка, влез на Општина Охрид, протестот нема да биде прекинат се додека Општина Охрид, во целост не ги исполни со Закон предвидените услови за лицата со посебни потреби на територија на Општина Охрид, а воедно ќе упатиме барање до сите здруженија на територија на Република Македонија, да го подржат протестот на цела територија на Република Македонија.

Ќе гласаме од Шатор.

СОС БАЛКАНМЕДИА

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Заев и Рама: Националистичките сили ќе зајакнат на Балканот ако нема датум за преговори

saso user

Груевски за Пинк: Србија не е вмешана, ми помогнаа унгарски амбасади

saso user

Брегу: Одлагањето на преговорите за членство со Албанија и Македонија претставува ризик

saso user