Мода

Четири работи кои козметичарката нема да Ви ги каже кога се во прашање веѓите

Веѓите го заокружуваат изгледот на лицето и нивното негување никогаш нема да излезе од мода. Според ова, козметичарките секогаш би можеле да очекуваат клиенти за ваквата услуга, но од друга страна пак, доколку козметичарката не е професионална, обликувањето на веѓите би можело драматично да го промени начинот на кој изгледа една личност. Во продолжение, прочитајте кои се оние работи кои козметичарката веројатно никогаш нема да ви ги каже.

Обрнете внимание на опремата што ја користи козметичарката

За да ги обликуваат совршено веѓите, козметичарките користат пинцети, четки и некои други алатки. За разлика од маникирот и педикирот, овде можноста да се пушти крв при работењето не е висока, но сепак треба да се внимава на хигиената. Обрнете внимание на тоа дали козметичарките ги дезинфицираат алатките што ги користат во работата. После секој клиент, пинцетата треба да се натопи во посебна течност. Не срамете се да прашате дали претходно е дезинфицирано.

Бидете внимателни со боењето на веѓите

При боењето на веѓите, козметичарките користат посебна боја, но треба да ја прашате Вашата каква нијанса ќе користи. Важно е да ја одберете вистинската боја, а доколку се работи за козметичарки кои се „добри мајстори“  може да измешаат неколку нијанси за да ја добијат најдобрата боја. Сетете се на следното правило – веѓите треба да се малку потемни од бојата на косата.

Бидете внимателни со microblading техниката

Microblading е техника за исполнување и цртање на веѓите. Дури и да имате навистина тенки веѓи, потребно е да размислите за оваа техника, поради евентуалните проблеми кои ги носи со себе.

Пред се’ се работи за ризик, бидејќи не знаете како ќе реагира вашата кожа на пигментот, така што ако не сте задоволни од резултатот ќе ви треба ласерска постапка.

Одберете го вистинскиот облик

Сите козметичарки ги прашуваат своите клиенти, кој облик би сакале да го имаат, но оние кои се искусни, им даваат на клиентите и свои препораки. Професионалните козметичарки ќе ви предложат облик на веѓите, соодветен на обликот на вашето лице, затоа што тие можат да обрнат внимание на многу детали кои за вас се невидливи. Секако клиентот, односно клиентката има право да ја донесе конечната одлука, но ако козметичарките сметаат дека сте одбрале погрешен облик ќе се обидат да ви објаснат што е лошо во врска со тоа.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Меган Маркл покрена моднa линијa вo хуманитарни цели

saso user

Шарлиз Терон и нејзината промена за Оскарите

saso user

Џорџо Армани со нова пролет-лето колекција

saso user