Досие Македонија Топ вести

ЕКСКЛУЗИВНО: ОПШТИНА ОХРИД преку примена на Хиромантија, одлучила да го стопира рушењето на дивоградбите.

Какафонијата околу рушењето на фамозните дивоградби на територија на Општина Охрид, заврши. Формираниот Регистар на дивоградби во Охрид, оној со назнака „Строго Доверливо – Административна тајна“, граѓаните на Македонија, не успеаа никогаш да го имаат на увид и, покрај законската обврска на Општина Охрид, истиот јавно да го постави на званичната Веб страна на Општина Охрид! Зошто до ден денешен, сеуште се калкулира со дивоградбите, за народот непознаница, но за добрите познавачи на приликите во Охрид, дури и на врапчињата на гранките, секако дека е добро позната матната игра на Општина Охрид и СДСМ Охрид.

ДИВОГРАДБИТЕ ВО ОХРИД СЕ БРОЕЛЕ НА ПРСТИ, ХИРОМАНТИЈАТА ЗЕМА ЗАМАВ ВО ОПШТИНА ОХРИД?!

Хиромантија е вештина на гатање или предвидување на иднината, карактерот и судбината со следење на линиите на дланката на раката. Крајно нејасен е фактот, како тоа првиот човек на Општина Охрид, во своите изјави тврдеше, дека дивоградбите кој треба да се рушат, а се наоѓаат во заштитен појас, можеле да се избројат на прсти од фланка?!

Отворено се поставува прашањето од типот :

1.Дали Општина Охрид во своето работење се води според Закон или, практицираат гледање во дланка -Хиромантија ?!

2. Дали раководниот кадар, применувајќи ја вештината Хиромантија, повеќе практицира гатање на полна или празна дланка, на оние лица кој се огрешиле од Кривичниот Законик?

Во Хиромантија постојат 3 клучни линии кои  се наоѓаат на двете раце, со еден исклучок. Кога линијата на главата и линијата на срцето се многу блиску, и тешко се разликуваат, хиромантот треба да биде тактичен додека ја објаснува судбината на таа личност, бидејќи значењето е измешано. Следствено на погоре изнесеното, воопшто нејасно е’ која клучна линија, ќе ја употреби таткото на град Охрид, за да се справи со дивоградбите, гледајќи на дланка ?!

Хиромантија е вештина на гатање или предвидување на иднината, таа настанала во Индија и Кина. Станува доста популарна во 16 и 17 век со развојот на окултните знаења и филозофија, но најпопуларна станува, денес, токму во градот лулката на Сесловенската писменост, градот Охрид, наречен Европски Ерусалим.

Жално е во градот на Светите Климент и Наум Охридски, да се развива ваков тип на Окултизам, селективност и крајно недолично однесување на поединци, кој при нивниот избор, дале заклетва дека ќе им служат на граѓаните на Охрид, а не на Демоните во Охрид !?

СЕЛЕКТИВНО ФРЛАЊЕ НА ГЕРАМИДИ, НОТАРСКИ АКТИ СО ЦЕЛ ДА СЕ ИЗИГРА ЗАКОНОТ И ГРАЃАНИТЕ?!

Владеење на право, всушност значи пошитување на законите, ништо повеќе, ништо помалку. Законите треба сите да ги почитуваат. Пример во почитување на законите, треба да дадат токму избраните и именуваните функционери, кој треба да бидат пример во спроведување на законите.

Кај нас, жално но вистинито, функционерите бараат дупки во законите, како истите да го изиграат законот, таквата навика трае, а на некој им преминала дури и во пасија на Окултизам?!

Зошто и покрај силните најави за рушење на платформи, хотели, куќи, и покрај силни Нотарски Акти со кој се замајуваше јавноста, дека сами ќе си рушеле во одреден рок, Општина Охрид, не постапила по издадените Нотарски Акти ?

Зошто, кога веќе не се постапило по Нотарскиот Акт, доставен од сторителите на Кривичното дело -Дивоградба, Општина Охрид и покрај сите пробиени рокови, не постапило кон нивно отстранување и постапка за конфискација согласно Закон во корист на граѓаните на Општина Охрид?!

Дали, некој од Општина Охрид, потајно, онака на Дланка, присвоил против правна имотна корист, со цел да ја стопира со Закон утврденото решение за рушење на бесправно изградени објекти на територија на Општина Охрид ?!

Кој ќе го чека изборниот процес, со надеж дека, истиот тој процес, ќе сокрие многу нешта, или пак ќе му донесе многу гласови на Дланка, дебело се излажал, фактурата ќе стигне.

Сашо Денесовски

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Јовевски за Канал 5: Будно ги следиме наводите за бришење во СЈО

saso user

Собранието бара 540 милиони денари за 2020 година

saso user

Локални врнежи од дожд, на планините снег

saso user