Македонија

Агенцијата за заедници бара пратениците да го усвојат Законот за малцинства до крајот на годинава

Парламентот да ги усвои измените и дополнувањата на Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во РСМ до крајот на годинава, а најдоцна пред распуштањето на Собранието во пресрет на предвремените избори, очекуваат од Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ).

Како што истакна на денешната средба со новинарите директорот на Агенцијата, Илхан Рахман, прв термин за усвојување на измените на Законот беше октомври 2018 година, но работите се одложија поради одржување на референдумот.

– Пред три недели измените на Законот се усвоени на Владина седница, и законот е пратен во Собранието. Очекуваме наскоро да се најде на дневен ред на Собранието. Посакуваме законот да се донесе годинава – рече Рахман.

Главна цел на измените на Законот е да се подобри состојбата со имплементацијата на правата на заедниците, да се олесни следењето на степенот на нивното остварување и да се обезбеди надзор над реализациајта на овие права од страна на институциите на централно и локално ниво.

– Проблеми имаме со владеењето на правото и примената на законите. Некаде на половина сме од остварување на правта кои ни ги дава Уставот, во делот на правичната застапеност. Во однос на наставата, има редовна настава на Србски, Ромски и Бошњачки јазик, но немаме доволно учебници ниту кадар, вели заменик директорот на АОПЗ Џељал Хоџиќ.

Во делот на медиумите, очекуваат проблемот со, како што псочуваат, лошите услови на редакциите на малцинските заедници во МРТВ да се реши со отворањето на четвртиот канал на националниот сервис кој ќе емитува програма на јазиците на заедниците, и со доекипирање на кадарот. Предлозите на АОПЗ за оваа област за формирање посебен фонд за поддршка на медиуми, однсно интернет портали на заедниците, велат, се влезени и во владината Предлог стратегијата за едно општество.

Измените на Законот се поставени на ЕНЕР, засновани се на досегашното искуство на АОПЗ и на меѓународните стандарди во оваа облст, а меѓу првата и втората фаза од собраниската процедура се најавуваат и јавни дебати за законот. Законот е подготвен од работна група со поддршка од ЕК преку ТАИЕКС инструментот и од ОБСЕ.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Заев-Могерини: Стартот на преговорите ќе биде заеднички успех на Македонија и ЕУ

saso user

Робија си е робија, но затворот К’шање е македонскиот Шевенинген

saso user

ПС ОД ОН КИЧЕВО, ИМП КИЧЕВО И ТПЕ КИЧЕВО И ВО ТЕЖОК МОМЕНТ ВРВНА ПРОФЕСИОНАЛНОСТ.

saso user