Досие Македонија Топ вести

СВР ОХРИД МЕКА НА ЛАЖНИ ВЕСТИ И КРИМИНАЛ.

Лагите на СВР Охрид во нивните соопштенија и изјави на портпароли, постанаа секојдневие, за прикривање на неспособноста на припадниците на полицијата! Наместо реални соопштенија кој народот очекува да ги дознае или слушне со СВР Охрид или МВР, неспособноста на полицијата се прикрива со набилдани соопштенија од агитропот на МВР, кој немаат допирна точка со вистината. Полицијата е тука за да Ве лаже!

На ден 16-10-2019 година едно лице дивееше низ Охрид цел еден час и половина, лицето Х.С.(23) од Скопје со нож и пиштол во раце, полиција ниту за лек?? Портпаролот на СВР Охрид, излезе со соопштение, во кое наведе: „Благодарение на брзата интервенција на припадниците на полицијата, лицето веднаш е лоцирано и лишено од слобода…..“ ?! За која брза интервенција говори портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски ? Зошто МВР ја сокрило вистината за настанот ?!

ОХРИДСКАТА ПОЛИЦИЈА НЕМАЛА ПОЛИЦАЈЦИ ДА ИНТЕРВЕНИРААТ, БИЛЕ НА РАКОМЕТНА УТАКМИЦА?!

Но за да биде се’ онака хронолошки, како се одвивал целиот настан, секако без „херојски“ примеси и самопохвала на полицијата, ќе започниме со хронологија на настанот, а МВР чекаме да се произнесе во целост:

1.Лицето Х.С.(23) од Скопје, најнапред во попладневните часови од населбата Коњско каде било сместено, повикало такси возило за да го превезе до Охрид. Кога стигнало до м.в. Гимназија во Охрид, на такси возачот му вперило Пиштол во глава и, му го побарал пари! Такси возачот, успаничен бега од возилото и го остава лицето Х.С.(23) од Скопје, во возилото.

2.Х.С.(23) од Скопје се упатува во Охридската Чаршија и го започнува својот поход во Златара, лоцирана на улица „Св.Климент Охридски“, каде извршува разбојништво. Вработената во златарата, веднаш успева да го активира Алармот кој е поврзан со реномираната агенција за обезбедување на имот и лица „Питон “ Охрид. Веднаш потоаа вработената се јавува во ПС од ОН Охрид и пријавува разбојништво. Во меѓувреме се јавуваат и граѓанин во ПС од ОН Охрид, кој пријавува, дека низ охридската чаршија се шета лице со пиштол во рака и се заканува дека ќе пука во граѓаните.

3.Од страна на дежурниот во ПС од ОН муе одговрено, дека во ПС од ОН Охрид немаат полицајци, дека сите биле на обезбедување на ракометна утакмица?!

АГЕНЦИЈАТА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ „ПИТОН “ ОХРИД ГО ЛОЦИРА ИЗВРШИТЕЛОТ, А НЕ ПОЛИЦИЈАТА.

Први на местото на кривично-правниот настан, пристигнува патролата на Агенција за обезбедување на имот и лица „Питон “ Охрид. Тие го лоцираат извршителот и веднаш стапуваат во контакт со СВР Охрид, известувајќи ги за движењето на извршителот на кривичното дело. Со оглед на фактот, дека според Закон тие немаат овластување да интервенираат и совладаат лице сторител на Кривично Дело на Јавна површина, патролата од Агенцијата „Питон“, цело време го следи извршителот низ Охридската чаршија и перманентно ја известува охридската полиција за движењето на извршителот на Кривичното Дело. Извршителот Х.С.(23) од Скопје најнапред се упатил до плоштадот Свети Климент Охридски во Охрид, каде седнал во кафетерија, но и тука се заканувал на присутните граѓани со употреба на огнено оружје. Откако предизвикал хаос и паника во центар на Охрид, извршителот Х.С.(23) од Скопје, се упатил повторно према златарата која ја ограбил. За цело време на неговото движење по охридската чаршија, бил под опсервација на патролата на Агенцијата „Питон“, која била на отворена телефонска врска со СВР Охрид. Дури после 50 минути дивеење на Х.С.(23) од Скопје, се појавиле испектори во цивил од СВР Охрид, кој го опколиле лицето Х.С.(23) од Скопје со вперени пиштоли во неговата глава и така успеале да го совладаат лицето Х.С.(23) од Скопје.

КАДЕ БИЛА ОХРИДСКАТА ПОЛИЦИЈА ЦЕЛИ ЧАС И ПОЛОВИНА?!

Полициската станица Охрид, од местото на настанот е оддалечена 300 метри. Нејасно е како тоа лицето Х.С.(23) од Скопје, дивеело низ охридската чаршија со пиштол во рака, ако се знае фактот, на близината на местото на настанот до полициската станица Охрид. Нејасно е како полицијата веднаш не излегла на лице место, и да одела пеш полека, до местото на настанот ќе пристигнеле за 10 минути, а не за час и половина!

Каде се наоѓале припадниците на полицијата од Охрид, за цело ова време? Колку им било потребно да го лоцираат извршителот во центарот на Охрид, доколку не биле припадниците на Агенцијата за обезбедување „Питон“ Охрид?!

Како дозволиле цел час и половина да не успеат да совладаат извршител на Кривично Дело разбојништво, како и лице кое предизвикало општ страв и паника кај граѓаните и бројните туристи во центар на Охрид?!

Зошто, според изјавата на портпаролот Димовски на СВР Охрид, се истакнува дека, пиштолот кој го поседувал извршителот на к.д. Х.С.(23) од Скопје, бил на „Дијаболи“ и не бил опасен, испекторите го апселе со примена на огнено оружје ?! Зарем некој ко ќе ви впери Пиштол на глава, ќе го запрашате дали е на Дијабола?!

СВР Охрид, од поодамна е во тотален хаос, припадници на полицијата се јавуваат како приватни обезбедувачи на ресторани и дискотеки. Интервентната единца, наместо да биде наменета за вакви сериозни инциденти, тие се поставуваат како сообраќајници низ територија на цела Општина Охрид, поточно, некој им наредува да одат инаму каде што воопшто не им е место.

Командирот на ПС од ОН Охрид Сашо Дончевски веќе трет пат не може да стигне да биде изгласан од Совет на Општина Охрид за Командир на ПС од ОН Охрид, поточно нема мнозинство за негово изгласување, или советниците и на мнозинството, воопшто не сакаат ова лица да им дојде на дневен ред, три пати се повлекува точката за негово назначување! Зошто, нека размисли министерот Оливер Спасовски.

Пиштол беше, дијабола беше ! Реакцијата на охридската полиција е трагична дијабола!

С.Денесовски-Лично

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Пендаровски: Подржувам, но од оваа позиција не можам да предводам промена на изборен модел

saso user

МВР: Апсолутна лага е дека имало некакво вадење на органи

saso user

Македонија пристапува кон Сингапурската Конвенција за медијација

saso user