Балкан Топ вести

Мета: Идејата за „Голема Албанија“ не е можна, проектот за „Голема Србија“ не успеа

Албанскиот претседател Илир Мета за египетски весник „Ал – Ахрам“ изјави дека идејата за „Голема Албанија“ не е можна, додека проектот за „Голема Србија“ не успеа.

– Сите Албанци имаат заеднички проект. Тоа е обединување со Европа. Идејата за Голема Албанија не е ни најмалку можна. Проектот „Голема Србија“ не успеа. Живееме во заплеткан регион. На Балканот нема „етнички чисто“ место. Целосно лудо е да се зборуваме за експанзионистички проекти од овој аспект – изјави Мета.

Мета, меѓудругото, се задржа и на процесот на еврионтеграција, нагласувајќи дека албанските граѓани имаат еден заеднички проект, а тоа е нивно обединување во големото семејство на Евопската унија.

Додаде дека Европската унија сега не е во најдобра можна состојба, но оти реформите ќе помогнат во подобрување на процесот.

– ЕУ во моментов не е во најдобра можна состојба. Сепак, Европската унија е најдоброто претпријатие на човештвото, каде економскиот напредок се одвива паралелно со напредокот на човековите и граѓански права. Состојбата на ЕУ ќе се подобри по новите реформ – изјави Мета, пренесува тиранската телевизија Ора њуз.

Тој верува дека еден ден Западен Балкан ќе влезе во ЕУ и оти тоа е во интерес на самата ЕУ.

Тој одговори и на прашањето за односите со Грција и Турција.

– Односите на Албанија со Грција се исклучително важни, ние бевме и ќе останеме соседи. И двете сме членки на НАТО. Имаме грчко малцинство во Албанија и има голем број Албанци кои живеат во Грција. Нашата врска со Турција, исто така, е историска. Имаме големи економски интереси и двете сме членки на НАТО. Но, би сакал да појаснам дека: За Албанија е важно проблемите меѓу другите земји да не влијаат врз нас. Не е должна Албанија да ја игра улогата на арбитер во конфликти и проблеми што се случуваат во други земји – посочи Мета.

Шефот на албанската држава верува во регионалниот мир и порачува дека е многу важно да се заштити суверенитетот на народот со цел да се зачува суверенитетот на државата.

ФОТО: EPA / Malton Dibra

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Комшиќ го повика Вучиќ да ја суспендира стратегија за одбрана на Србија

saso user

Во Хрватска 19 новозаразени со коронавирусот

saso user

Во Србија од утре работат сервиси, чевлари, кројачи, авто-школи, книжарници

saso user