Сцена

Ким од сопругот доби роденденски подарок еден милион долари

Американската старлета Ким Кардашијан на Твитер се пофали со најубавиот роденденски подарок што досега од добила од својот сопруг.

Имено, се работи за еден милион долари што раперот Кање Вест ги подари во хумантарни цели, но во нејзино име.

Таа веќе неколку дена го слави својот 39. роденден. Изминатиот викенд, таа уживала со своите сестри во Палм Спрингс, Калифорнија, на забава, а атмосферата од роденденското славење ја сподели и со обожавателите на интернет. А, пак, синоќа уживала во семејна вечера во нејзиниот дом.

Донацијата, инаку, е наменета за каузата за која Ким со години се залага – реформа на затворскиот систем во САД.

ФОТО: EPA/JUSTIN LANE

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Пар со оштетен слух на свадбата на знаковен јазик ја изведе „Немир“ од Тоше и Каролина ВИДЕО

saso user

Славната пејачка се породи на 44 години, но не го откри името на таткото ФОТО

saso user

Пинк се скара со обожавателите поради фотографијата од голиот син ФОТО

saso user