Македонија

Кичевчанец се обидел да силува девојка, но таа, заедно со сестра ѝ, го натепала

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Кичево осомничено дека сторило кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Осомничениот 22-годишник, на 22 октомври, со употреба на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на една оштетена, се обидел да ја присили на обљуба. Тој најпрвин ја следел оштетената 18-годишна девојка која, заедно со нејзината малолетна сестра, се движела по импровизиран дрвен мост кон нивниот дом во Кичево. Кога пристигнале спроти платото на товарната железничка станица осомничениот им се приближил и се обидел да изврши обљуба. Оштетената и нејзината сестра неколкупати го удриле и успеале да побегнат, а настанот го пријавиле во полициска станица.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Гостивар достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Владика Петар: Цариградската патријаршија е расположена за официјални разговори

saso user

Лука има аутизам, па често „забораваат“ да го поканат на родендени кај другите деца

saso user

Фиктивни рецепти и тргување со лекови на црно – затоа нема лекови цел месец

saso user