Мода

Мејк-ап трикови за девојките со очила

Диоптриски очила или пак, контакти леќи се решение за луѓето кои имаат проблеми со видот, иако очилата веќе зачестено се користат и како моден додаток, давајќи и’ на личноста софистициран изглед.  Девојките кои носат очила треба да обрнат внимание на начинот на кој се шминкаат, бидејќи тоа значително може да влијае на изгледот. Постојат одредени мејк-ап трикови, кои вреди да ги следите доколку и вие носите очила.

Веѓите мора да бидат уредни
Една од најважните работи кои треба да ги имате предвид ако носите очила е уредноста на веѓите. Тие секогаш треба да бидат убави и уредни, зашто така очите ќе бидат поистакнати. Независно од тоа дали ги обликувате сами или во козметички салон, не заборавајте на нивната нега.

Задолжително нанесете коректор под очите
Жените кои носат очила мора да бидат свесни за важноста од нанесувањето коректор под очите. Впрочем, доколку имате проблем со брчки или со темни кругови под очите, тие со очила ќе бидат уште понагласени. Затоа, за да го избегнете тоа нанесете коректор со сунѓерче за шминка.

Нагласете ги трепките
За да ги нагласите очите, употребата на маскара е неизбежна. Доколку сепак имате природно долги трепки, доволно би било да користите и само виткач за трепки. Ако пак се одлучите за маскара, најдобро би било да одберете за волумен или за издолжување на трепките.

Бидете внимателни со бојата на сенките за очи
Ако нанесувате сенка на очните капаци, бидете внимателни при изборот на нејзината боја, бидејќи таа треба да соодветствува со бојата на рамката на очилата. Не претерувајте кога се боите во прашање, за да не изгледате прешарено. Најдобро е да се држите до неутралните нијанси.

Нагласете ги усните
Еден од најконструктивните мејк-ап трикови за девојките со очила се однесува на нијансата на карминот за усни. За да се постигне баланс, најдобро е на усните да нанесете малку поинтензивна боја, како што е црвената. Доколку носите очила чија рамка е со „откачена“ боја тогаш веќе може да се одлучите за неутрална нијанса на карминот.

Променете ја фризурата
Доколку неодамна сте почнале да носите очила и не ви се допаѓаат како ви стојат, можеби би требало дар размислите за промена на фризурата. Доколку имате „мачкасти“ рамки одлично би ви прилегала ретро боб фризура. Ако сакате да постигнете пософистициран изглед, размислете за шишки. Бидете креативни и пронајдете ја фризурата која најдобро ќе им прилега на вашите очила, за да изгледате феноменално.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Life is a Rodeo, во продажба е новата колекција на DIAS најавена со моќна фотосесија

saso user

Оваа година без ревија на најубавите жени на светот? „Викторијас сикрет“ го откажа шоуто! ФОТО

saso user

Модниот свет во солзи поради смртта на Лагерфелд: Од Шанел објавија кој ќе го наследи

saso user