Мода

Маја Кикириткова ја престави својата нова колекција Есен/Зима

Маја Кикириткова, нашата позната дизајнерка ја претстави својата нова колекција. Колекцијата за оваа сезона есен/зима е поделена во два сегменти или во две сезони, есенска и зимска колекција.

Есенската колекција е инспирирана од природата и е поделена во пет сегменти. Во првиот сегмент е застапен животинскиот дезен, во комбинација со еко кожа, вториот е песочен каде преовладуваат земјените тонови. Третиот сегмент е златно-зелен,  четвртиот безвременски каде преовладува црната боја и петиот и последен е сиво-син.

Приказната за целата колекција на Маја Кикириткова е спојување на овие пет сегменти, каде што животните во есен чекорат по песок и златно-жолти лисја, црно како неизбежен дел и евергрин засекогаш и сиво-плаво асоцијација на небото.

Кога се гледа целата колекција во целина можеме да погледнеме еден пејсаж на есенска убавина надополнета со животински свет. Целата колекција е надополнета со златни детали, како копчиња, патенти и токи. Како и досега повторно е задржан моментот на “оуверсајз” парчиња облека.

Погледнете ја колекцијата на Маја Кикириткова.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Плетењето е одново во мода: Млади таленти заедно ја оживуваат заборавената традиција

saso user

Обединета Европа на 19. Моден викенд Скопје ФОТО

saso user

Мачка ноншалантно прошетала по модната писта на Кристијан Диор ВИДЕО

saso user