Досие Македонија Топ вести

ДЕНЕСОВСКИ: Големото „Не“ на Макрон за употребени европски пелени за македонска употреба !?

Емануел Макрон , ја отвори балканската Пандорина Кутија , од какао неговото НЕ беше пресудно за  недобивањето датум за преговори на РСМ  со ЕУ . Цента која ќе биде ндвисната над балканот , нема да ја плати ниту Франција , ниту било која членка на ЕУ, цената ќе ја палти македончето , кое историски ,секогаш останувало со кратки пантолчина и куси ракавчина од големата надеж на големите сили во Европа.

ПРЕГОЛЕМ ВЛОГ ЗА ЕДНО ГОЛЕМО „НЕ“?!

Уште од 1993 година ,Македонија секогаш декларативно била на дневно политичката агенда на големите сили ,членки на ЕУ.Кој све европски дипломати , продефилирале во минатите 29 години низ Македонија?!не ,дека тие биле нешто премногу паметни , туку ние сме биле секогаш глупавите домаќини, кој подклекнувале на низата од барања , кој секогаш ги испорачувале европските преставници . Како добри домаќини , единствено нешто што македонскиот народ го добил , секако е запаление на образи ,запаление на раменици, од премногу гушкања и тапкање по раменици,а тоа ние како добри домаќини ,секогаш достоинствено, онака со симнати гаќи надолу , домакински сме ги примале,мислам нивните укажувања и совети, за да не бидам погрешно разбран.

Во 1993 година , не прогласија за лидери на блакнаот, толку многу не глорифицираа, што дури во Царинската Управа добија сопствена канцаларија, веднаш до директорот на Царина и , од тука ,како домаќини на туѓа територија , го контролираа севкупниот шверц со северната граница.

Во влада си велгуваа ,како да одат на гранапче ,да си купуваат мастики, ни направија дури и војна во 2001 година , ни го зготвија и запржија рамковниот договор , ни закачија Бадинтер ,а ние како невидени домаќини ,сето она што тие го посакаа , онака карт бланш им го дадовме .Ги научивме дека сме дечки ,кој бргу даваат на белосветски идиоти…

УШТЕ ИМЕТО ОСТАНА И, ТОА ГО ЗЕМАА !

Во држава каде царува криминал , непотизам , корупција , таква држава преставува рајска земја за политичка манипулација. Тоа западнаците добро го знаеа, така наметнуваат свои политики, со единствена цел „devide et impera“.За жал раслоеноста на граѓаните на РСМ , во голема мера им помогна на политичарите во РСМ успешно да манипулираат со јавноста , но најповеќе од тоа профитираа евроспките политичари , кој секогаш и територијата , но и граѓаните на РСМ им служат за разно разни политички и бизнис интереси , за на крај , повторно и повторно ,да не убедуваат ,дека ни требаат уште мали реформи и ,секако повеќе среќа на наредниот самит и , така до недоглед??

Кога добро увидоа ,како сето тоа добро секогаш им поминува ,за да направат добро на нивната европејска сестра Грција , ветија ,дека доколку се промени името на државта „ Erga Omnes“,вратите на Европската Унија , ширум ќе ни бидат отворени?! Ние го променивме името , а тие ,онака перфидно  „ Erga Omnes“ не префеслаа жедни преку вода!

НИТУ НОВИТЕ БРЗИ ИЗБОРИ ,НЕМА ДА ДОНЕСАТ НИШТО ДОБРО ЗА ГРАЃАНИТЕ.

Од како Заев добро наседна на европската провокација , сега во перманентната улога на љубителот на бабите Макрон,ја даде и својата нова жртва,одиме на брзи избори?!

Во Северна Македонија ,во време кога народот го поделија на „Северџани“ и „уставо бранители-македонци“, од друга страна радикланите желботеки на Алијанса на Албанците и поделената Беса, од трета страна ДУИ, реално очекување на следните избори ќе биде оној истакнат Бојкот на граѓаните во изборниот процес-(Циркуз). Многу очекувања , малку исполнувања , ВМРО ДПМНЕ си го носи багажот на азилантот Груевски, СДСМ ќе си го носи багажот од СЈО и уништената верба на народот во некаква си правда ,за која патем со месеци се бореа по улици, сега нема да има многу адути во рака ниту СДСМ ниту ВМРО ДПМНЕ . И СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ,мака ќе мачат со креирањето на пратеничките листи , во дел кадри – некадри кој веќе се видено во РСМ , за кој народот не сака да чуе , поради нивната арогантност , корумпираност и истакнат непотизам, од друга страна бизнис лобито ќе сака да ја зацврсти својата позиција, нешто , што сега кај обичниот народ ,нема да помине како добра партиска пропаганда…

На крај ќе се сведе на онаа народната :

Го прашува жената мажот: Мажу што олкави стапала имаш бе ?

Мажот: Ко мал бевме многу сиромашни , моите немаа пари и секогаш одев зиме лете бос.

Жената: Абе мажу ,а твојте да те оставеа малку без гаќи да одиш ,немсто бес опинци,а?!

С.Денесовски

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Скопјани и градската администрација ги засукаа ракавите за да го исчистат ѓубрето во градот

saso user

Мицкоски предлага предметите од СЈО да ги преземе државниот јавен обвинител

saso user

Геодет ќе сведочи за уривањето на „Космос“

saso user