Досие Македонија Топ вести

„Рекет“Сите тајни и замешани лица во случајот „Рекет“.Зошто Јовевски ги заштитува Камчеви и Панделевски? , дел 2-ри

Правниот систем во Македонија на најниски гранки, Јустиција оди боса по трње низ Македонија исто како што оделе боси може да се каже и дечките опфатени во „Рекет“. Како што и пишувавме : ОхриСкај обзнанува – Сите тајни и замешани лица во случајот „Рекет“, дел 1-ви   многу нешта остануваат нејасни, двосмислени во смисол каде и кој се другите лица опфатени во „Рекет“, доколку многу нешта веќе поодамна се познати и на врапчињата од РСМ.

„РЕКЕТ“ ПРЕТСТАВУВА КЛАСИЧНО КРИВИЧНО ДЕЛО НА ПОТКУП КАДЕ АKЕРИТЕ КОИ НАРАЧУВАЛЕ ПРЕСУДИ ТРЕБА ДА ЗАВРШАТ СО ДЕБЕЛИ ОБВИНЕНИЈА!?

Нејасно претставува целосна поставеност на Обвинителството околу формулацијата на учесниците во аферата „Рекет“ , доколку едни се теретат за трговија со влијание, други за помагање, трети за користење на својата политичка моќ, низа други глупости?! Нејасно е зошто главните актери Орце Камчев, Ана Камчева, Цветан Панделески и други, кој имаат очигледна намера да извршат класично дело „Поткуп“ врз Јавен обвинител преку посредник и лично со цел преку својата економска моќ-пари да дојдат до поголема милост од страна на СЈО, во предмет кој СЈО го водел против нив, а во кој предмет запретените казни кои КЗ се над 10 години затворска казна, како и конфиксување на имотот на сторителите. Се поставува логично прашањето од типот, зошто Вилма Рускоска и Љубомир Јовески се одлучиле да одат со многу поблаго обвинение спрема сторителите, но и зачудувачки е фактот што не се спроведува или презело обвинение спрема лицата Ана Камчева и Орце Камчев, за основано сомнение дека сториле кривично дело казниво според КЗ на РСМ – „Поткуп“ од поголем размер?!

Љубомир Јовески е благо наклонет кон Ана Камчева и Орце Камчев, и за таквата наклонетост познавачите на приликите говорот дека Јовески има дебели приватни причини кои го поразуват со Орце и Ана Камчеви, нешто што нема да го изнесеме во јавност, од причина што не сакаме да навлегуваме во интимниот живот на обвинителот Јовески. Од друга страна обвинителката Вилма Рускоска има дебели привтни контакти со Ана и Орце Камчев кои датираат од поодамна, но има блиски релации преку одреден македонски новинар, сопственик на интерен портал и сега поранешно вработен уредник-новинар во 1ТВ на Боки 13. Доколку се земат во предвид приватните фактори може да се насети зошто од лицата Орце и Ана Камчеви, наместо да бидат теретени како криминалци кои со пари сакале да купуваат правна милост, сега некои од ЈО сака да ги направи оштетени??

АМБАСАДИТЕ НЕ ЗНАЕЛЕ ЗА „РЕКЕТ“ , НО КАДЕ СЕ ЦВЕТАН ПАНДЕЛЕСКИ, САШО ВАСИЛЕВСКИ И ДРУГИ ВО „РЕКЕТ“?

Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во РСМ, Клеменс Која, за која мисија упатените добро знаат дека претставува европска ЦИА, како и амбасадорката на САД во РСМ, Кејт Брнс зачудува дека за случајот „Рекет“ дознаваат тек во месец мај, и тоа сосема случајно преку еден напис во македонските медиуми. Како тоа и поминало на мисијата на ОБСЕ и на Амбасадата на САД во РСМ, просто е толку невероватно за овие две силни безбедносни служби. Доколку се оди во Организацијата на „Рекет“ детално, повеќе од јасно е тоа што Боки 13, Зоран Кичеец, Катица Јанева, Фросина Ременски, немаат воопшто толкави способности за ваквиот нивни акт за кои се теретат не падне веднаш во предмет на обработка на амбасадорите Која и Брнс?! Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во РСМ, Клеменс Која, кој по професија е Теолог, но за добрите познавачи на приликите експерт во доменот на разузнавањето, исто така амбасадорката на САД во РСМ, Кејт Брнс спаѓа во делот на т.к.н „тешкаши“ на ЦИА, како и дипломат со светла голема кариера. И Која и Брнс за себе имаат на располагање две најмоќни служби на кои ништо не може да им избега, не посебно ваков мега скандал од меѓународни размери кои се случува во РСМ, а инспираторите на истиот доаѓаат од трети земји  за кои и ОБСЕ и САД перманентно ги нагледуваат случувањата во тие земји.

Трагот на парите на Ана и Орце Камчеви оди дури до таму што како партнер во Бугарија се јавува премиерот на Бугарија, во Турција се јавува претседателот на Турција, на третата земја има главен град по име Москва. Токму преку Софија, Анкара и Москва Орце Камчев ја црпи својата финансиска моќ, парите на Камчев се и пари на неговите бизнис партнери, па така доколку Камчев се прогласеше за виновен во „Империја“ , според Закон државата ќе му го замрзнеше и одземеше сиот  имот во негова сопственост, како имот каде Камчев се јавува и како сопственик на фирми каде има удели, а во кои фирми свои удели имаат и погоре наведените моќници. 

Од друга страна ЈО предводено од Вилма Рускоска, координирано од Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, сосема нејасно претставува фактот за оној вакум простор од јануари 2019 до крајот на мај 2019 година околу активностите во случувањата во „Рекет“?! За овој временски период од ЈО се молчи, зошто?! Повеќе од тоа ако се знае фактот дека Камчев во тоа време се наоѓа во куќен притвор, од каде Орце Камчев спротивно на Законската мерка- куќен притвор извршува нови кривични дела, дури оди до таа мера што во соработка со тајната полиција на Р.Бугарија спротивно на сите закони додека издржува мерка куќен притвор без согласнот од македонските тајни служи и ЈО поставува професионален безбедносен мониторниг аудиовизуелен систем во неговиот дом, поставува други со закон забранети прислушни уреди сопственост на тајната полиција на Р.Бугарија, но и преку медиумот од Р.Италија Лаверита врши објава и емитување на нелегално прислушувани разговори што претставува тешко кривично дело, додека во делот на оперирање на бугарската тајна полиција врши и кривично дело против уставниот поредок на РСМ. Зошто Јовески и Рускоска замижуват пред вакво тешко кривично дело останува нејасно?!

Нејасен е и фактот за улогата и на друг осомничен и обвинет во случајот „Империја“, бизнис партнер на Орце Камчев, лицето Цветан Панделески. Според одредени сознанија Панделески милоста на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ја платил со фантастични 10 милиони евра и никој не знае или се прави будала да испита преку кои лица и каде завршиле 10те милиони евра кои преку посредници Панделески ги дал во периодот јануари-април 2019 година или плаќал на рати?! 

Исто така ниту Јовески, ниту Рускоска не го спомнуваат името на Сашо Василевски-Кико поранешниот директор на МЕПСО кој за време на целиот мандат на Катица Јанева е нејзин интимен пријател?! Исто така од ЈО молат и за тоа како Василевски се стекнува со несразмерна имотна корист преку влијанието на Катица Јанева, уште повеќе ако се знае фактот дека неговата фамилијанрна лоза била запослена во СЈО кај неговата интимна пријателка Катица Јанева. Колку пари и имот здиплил Сашо Василевски -Кико, но дали тој бил врската на Цветан Панделски со Боки 13, Зоран Милески -Кичеец, оставаме да открие Јовески, а можеби и Рускоска?! Доколку нешто не ви е јасно нека побараат помош од Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во РСМ, Клеменс Која, и  амбасадорката на САД во РСМ, Кејт Брнс!

Продолжува…

Сашо Денесовски -Лично

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Отпадот од животинско потекло да се одлага во посебни садови

saso user

Силјановска: Мојата ќерка ја одгледа Ромка, би побарала помош од Ромите и како претседателка

saso user

Од декември минималната плата е 14.500 денари

saso user