Мода

Ексклузивните производи на Fashion group отсега и преку мобилна апликација

Светските брендови Desigual, Diesel, Geox, Guess, Inuikii, Levi’s, Mango, Parfois, Premiata, Replay, Springfield, Steve Madden, Super Dry, Timberland, UGG, Women’s Secret кои се под групацијата Fashion Group од сега можете да ги купувате и он-лајн преку новата апликација на вашиот мобилен уред за Android или Iphone.

– Ние, како групација сме лидери на пазарот со интернет продавницата на светски брендови, а од денеска нашата целосна понуда е достапна и преку мобилна апликација. Сѐ што треба да направите е да ја симнете на вашиот мобилен, во неколку чекори да се регистрирате и да нарачате. Доставата низ цела држава ја правиме во рок од 3 до 5 работни дена – вели Александра Саздовска, менаџер на интернет продавницата на Fashion Group.

На fashiongroup.com.mk интернет продавницата функционира веќе две години, но отсега е целосно освежена и многу полесна за користење.

Доколку не е соодветна големината на производот се врши негова замена, а има и можност за враќање на истиот ако купувачот не е задоволен.

– Нашите купувачи на интернет продавницата може да ја користат нивната лојалти картичка која нуди можност за акумулирање поени и специјални поволности. Со мобилната апликација, освен собирање поени, корисниците ќе имаат многу дополнителни изненадувања – додава Саздовска.

Со мобилната апликација, освен собирање поени, корисниците ќе бидат редовно информирани за пристигнување на нови колекции, за промоции и попусти, за специјални акции, ќе имаат ексклузивна можност за купување на сезонски попуст пред останатите, ќе бидат дел од специјални настани, а ќе можат и да креираат своја листа на желби и на омилени производи.

Интернет продавницата fashiongroup.com.mk е отворена 24/7 и достапна за нарачување во кое било време и од кое било место.

Fashion Group постои речиси 25 години во Македонија и има најголема малопродажна групација на компании за текстил во регионот, а ги поседува правата на ексклузивност, франшиза и мастер франшиза за многу светски познати модни брендови.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Еве како да врзете турбан, а да изгледате модерно и шик (ВИДЕО)

saso user

Високи потпетици и секс? О, да!

saso user

Лондонската модна недела отворена со дезени со сперматозоиди ФОТО

saso user