Сцена

Шарлиз Терон: Поминав низ три операции, животот ми е хаос

Холивудската актерка Шарлиз Терон поминува низ тежок период.

– Животот во моментот ми е во хаос. Само што поминав низ три операции, промовирам два филма. Немам дадилка, но знам дека не би можела да го правам ова што го правам доколку ја немам сета помош и поддршка – рекла актерката.

Иако не открила за какви операции станува збор, претходно овој месец откри дека се повредила додека го снимала филмот „The Old Guard”.

– Снимав акциони сцени и буквално го откинав лигаментот од коската, а го исчашив и лактот – рекла актерката.

Иако нема дадилка во моментот, неколкупати објаснила дека, наместо тоа, се потпира на семејството кое многу ѝ значи и секогаш ѝ помага кога тоа е потребно.

Шарлиз рекла дека веќе долго време е сама, откако раскинала со свршеникот, актерот Шон Пен.

ФОТО: EPA/ANDREW GOMBERT

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Мишел Обама објави фотографија од Јадранот и собра милион и пол „лајкови“ ФОТО

saso user

Откриен идентитетот на пијаниот возач: Турчинот Алсин Левент го уби Шабан Шаулиќ во Германија!

saso user

Орнела Мути ќе плати казна од 30.000 евра зашто вечерала со Путин

saso user