Урбани вести

ЧИНАРОТ ПРОГЛАСЕН ЗА ПРИРОДНА РЕТКОСТ

Со одлука на Министерството за животна средина потпишана од министерот Насер Нуредини, единечното дрво – Чинар (Platanus orientalis) лоциран во Охридската чаршија на плоштадот „Чинар“, инаку дел од долгата историја на Градот, но и препознатлив дел од неговата туристичка понуда е прогласено за природна реткост. Називот на природната реткост е „Чинар – Охрид“. Решението доаѓа по претходно изработениот елаборат за валоризација, санација и ревитализација на чинарот (Platanus orientalis) на плоштадот „Чинар“ од страна на Општина Охрид и Одлуката на Советот на општина Охрид за потребата од прогласување на стариот чинар за природна реткост.

Општина Охрид, односно Одделението за заштита и влијание врз животната средина има доставено комплетна документација до Министерството за животна средина и просторно планирање со барање за правна заштита, согласно Законот за заштита на природата, на уште шест чинари (Platanus orientalis) и еден кочеџик (Celtis Australis), кои се наоѓаат на територијата на општина Охрид.

Очекуваме Министерството за животна средина во најкраток рок позитивно да се произнесе и по однос на ова барање.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ПО ПОВОД КАТОЛИЧКИ БОЖИЌ

saso user

СВИКAНА ТРИЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

saso user

СФЕРНИ ОГЛЕДАЛА НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ НИЗ ГРАДОТ

saso user