Балкан

Хаос во хрватскиот Парламент, од носење пратеник на раце, до ставање ѓубре на столчето на премиерот

Денешната седница на хрватскиот Парламент, на која премиерот Андреј Пленковиќ зборуваше за состојбата на нацијата, почна со инциденти.

Опозицискиот пратеник од „Жив ѕид“ Иван Пернар беше, на раце, изнесен од салата од страна на обезбедувањето, а Миро Буљ, од Независната листа МОСТ, на столчето на премиерот остави ќесе со ѓубре.

Пред почетокот на излагањето на премиерот, дојде до расправија меѓу Пернар и претседателот на Саборот Гордан Јандроковиќ, по што обезбедувањето го изнесе опозиционерот од сала.

Јандроковиќ предложи дополнување на дневниот ред со 10 нови точки, а на прашањето дали има приговор се јави Пернар, која се пожали на состојбата во правосудството поради случајот со силувањето девојче во Задар. Јавноста во Хрватска е револтуирана откако судија во Задар ослободи група лица да се бранат од слобода, осомничени дека во текот на една година, во повеќе наврати групно го силувале девојчето. Откако Пернар не се држеше до правилата, претседателот на Саборот двапати го опомена и потоа му го одзеде зборот. Пернар не престануваше да зборува, па Јадронковиќ му го одзеде зборот и за денеска и за утре. Пернар го игнорираше и тоа предупредување, по што Јандроковиќ даде десетминутна пауза и го повика собраниското обезбедување да го изнесе од салата опозицискиот пратеник.

По него, опозиционерот Буљ, кој зборуваше за управувањето со отпадот, во салата внесе ќесе со ѓубре.

– Очигледно надлежните не го разбираат принципот за одржливо управување со отпад….Гледам дека е арогантен премиерот, и оваа ќеса ќе ја оставам на неговата столица…еве му ѓубре кое го собирав од Вргорац до Сињ – рече Буљ.

Јандроковиќ му рече да не прави циркус, туку да седне или да излезе од салата.

ФОТО: МИА

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Цела влада на БиХ со воз на седница во Мостар ВИДЕО

saso user

Помпео: Сакаме Грција да го предводи Балканот

saso user

Се урива ресторанот во Химара, чиј газда тероризираше шпански туристи

saso user