Македонија Топ вести

Хан: Поминавте тежок пат, оптимист сум дека утре и задутре ќе има позитивен исход за Македонија

Македонија помина долг пат кон евроинтеграциите, а Македонците заслужуваат подобар живот и да не мора да ја напуштаат земјата во потрага по подобар живот, истакна Јоханес Хан на заедничката прес конференција со Зоран Заев во Брисел, која штотуку заврши.

Хан истакна дека му кажал на Макрон дека предлозите се јасни и дека тој е оптимист дека ќе има позитивен исход утре и задутре.

– Ние како европјани треба да ги признаеме сите овие напори. Се работи за јасен сигнал за заложба за европските перспективи на земјите како Северна Македонија и Албанија. Ова се очекува после сите мерки кои се преземени од двете земји. Има многу говори дека Европа треба да има улога на светско ниво, но ако не може тоа да го направиме во нашиот двор ќе изгубиме кредибилитет тоа да го правиме надвор. Можам да побарам од нашите идери да дадат зелено светло за процесот и се согласуваме со премиерот дека треба да работите на понатамошно брифирање на нашите методологии, истакна Хан.
Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Нов парк во Карпош

saso user

И да добиеме датум во јуни, тој нема да биде пред октомври

saso user

Кривичен не му го врати пасошот на Милајков за да оди на операција

saso user