Свет

Стокмен договорот со Велика Британија

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека договорот со Велика Британија за излегување од Европска унија е финализиран и оти потенцијално би можел да биде договорен утре на самитот на Европскиот совет.

– Сакам да верувам дека договорот е финализиран и дека ќе го поддржиме утре, изјави Макрон на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел.

Претходно, неименуван претставник на ЕУ изјави дека е во голема мера е подготвен привремен технички договор за брегзит.

Тој истакна дека се договорени еднакви услови и царини, како и согласност од Парламентот на Северна Ирска на секои четири години. Но, за сето тоа да се придвижи потребна е согласност од британската Влада.

Претходно, портпаролот на британскиот премиер изјави дека Борис Џонсон пред министрите изјавил дека постои можност за постигнување договор за нов договор за брегзит со ЕУ, но оти се уште не е постигнат.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Хаваите би можеле да забранат употреба на пластични предмети во ресторани

saso user

Циклонот Тревор го погоди северното крајбрежје на Австралија

saso user

Шокантно признание на медицинска сестра: Имам заменето околу 5000 бебиња

saso user