Свет

Наставничка „се шегувала“ дека ќе прати деца Евреи во гасни комори

Наставничка им кажала на своите ученици дека ако не ја завршат задачата, „ќе ги прати во гасни комори“. Кога едно од 10-годишните деца се спротиставило, таа рекла дека „се шегува“ и побарала од нив да не кажат на никој, пренесува „Метро“.

Училиштето во Хертфордшир, Велика Британија, кажало дека наставничката нема да се врати да предава повторно.

Коментарот бил кажан пред 28 деца, од кои 11 Евреи. Според зборовите на родителите, таа рекла: „Подобро да си ја завршите работата брзо, инаку, ќе ве пратам сите во гасни комори“.

По ова, повеќемина родители ја контактирале главната наставничка и се заканиле дека ќе ги отпишат своите деца од училиштето.

– Можиме да потврдиме дека минатата недела бевме известени за наводен расистички коментар од страна на наставничка. Веднаш преземавме мерки и во тек е истрага. Наставничката нема да се врати да предава – бил одговорот од училиштето.

Оттаму испратиле писма до родителите, во кои пишувало дека „прават сѐ за да се прифаќа разновидноста“. Во писмото стоело и тоа дека ќе бидат повикувани религиозни лидери од различни групи за да зборуваат со децата, како што се случувало и претходните години.

– Оваа година наша цел е да се фокусираме на зајакнувањето и важните пораки за религиозна толеранција и почит – додале оттаму.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Исчезна сликата на Исус од 450 милиони долари која ја купи принцот Мухамед: Еве што се крие зад тоа ВИДЕО

saso user

Хотелите во Русија ќе пријавуваат невенчани двојки во иста соба

saso user

Врховниот суд дозволи делумен увид во даночните документи на Трамп

saso user