Свет

НАСА конечно ќе ја оствари „женската прошетка во Вселената“

Астронаутките Кристина Кох и Џесика Мејр ќе излезат надвор од орбиталната лабораторија на Меѓународната вселенска станица, и така ќе се оствари долгоочекуваната „женска прошетка во Вселената“, без машка придружба.

Тоа ќе се случи утре или в петок, 18 октомври, и ќе биде во својство на работна задача. Космонаутките ќе треба да го заменат неисправниот уред за напојување што се расипал пред неколку дена.

Дефектот не е опасен по безбедноста на екипажот или експериментите што се вршат, но спречува употреба на дополнителна енергија од литиум-јонска батерија инсталирана на почетокот на овој месец. Енергијата од другите четири комплети батерии и соларни панели е доволна за другите операции, соопшти НАСА.

Агенцијата ја планираше првата вселенска прошетка на тим составена од жени на крајот на март, но мораше да ја откаже поради недостаток на вселенски костими со соодветна големина.

Новите костими им овозможуваат на астронаутите поголема подвижност, а технологијата што ја содржат значи подолго патување во Вселената. Тие се направени во сите големини.

ФОТО: EPA-AARON-M.-SPRECHER

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

САД повторно најмоќна државa во светот

saso user

И зетот на Трамп, со познати политичари и економисти, во Швајцарија ќе расправа за климата и Европа

saso user

Уапсен маж пред црква во Мелбурн

saso user