Сцена

Којиќ ќе плати казна од 750 евра поради објавување фотографија од синот на Северина и Милан ФОТО

Синот на српскиот пејач Драган Којиќ Кеба и сопругот на хрватската пејачка Северина ќе мора да ги сноси последиците затоа што ја прекршил одлуката на судот, а која се однесува на објавувањето на фотографија на малиот Александар, син на неговата сегашна сопруга и српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, пишува „Индекс.хр“.

Игор Којиќ пред два дена на Инстаграм објавил фотографија на која се гледа како за рака го води малолетниот Александар, со што ја прекршил привремената мерка на Општинскиот суд во Загреб, во која се наложува нему и на Северина да ги отстранат сите фотографии на Александар од социјалните медиуми и да им биде забрането и евентуално идно објавување.

„Семеен ден“, напишал Којиќ покрај селфито на кое дека Александар само се наѕира, додека во позадина се гледаат и Северина и неговиот татко Драган Којиќ Кеба.

Казната за овој прекршок е 750 евра. Според законот, казната може да се зголемува двојно секој следен пат кога фотографијата ќе се објави на социјалните мрежи.

Според привремената пресуда, ниту Северина ниту Игор не смеат да објавуваат фотографии од малолетникот Александар, дури ни со посредство на други лица. Мерката се однесува, освен на социјалните мрежи, за медиумите, и на медиумите, јавните настани, компјутерските системи или кој било друг јавен начин на експонирање што е достапен за голем број луѓе.

Откако пресудата беше изречена од судот во август, Северина и Игор се жалеа до Окружниот суд во Дубровник. Како што дозна српски „Блиц“, жалбата на Игор била одбиена, додека жалбата на Северина чека на конечна одлука, бидејќи процесот сè уште не е завршен.

И Северина откако судот ја донесе мерката еднаш објави фотографија од синот.

Igorova objava

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Пронајдена мртва ирска манекенка по шифрирана порака на Фејсбук

ohrid_user

Забавата за бебето на Маркл во најлуксузниот хотелски апартман во САД (ФОТО)

saso user

Билетите за премиерата на „Одмазници“ достигнаа 10.000 долари!

saso user